2009



Петок, 4 декември 2009 година

Унифицирана заштита на патенти во Европската унија

На дневниот ред на министерската средба на Советот за конкуренција, што се одржува на 3 и 4 декември 2009 година се разгледува заедничкиот систем за патенти како значаен фактор за подобрување на климата за иновации во Европската унија. Генерална тема на состанокот е Стратегијата на ЕУ за развој и работни места за периодот после 2010 година.

На средбата треба да се постигне согласност за заеднички пристап за правилата за патенти на Заедницата, ќе се усвојат заклучоци за Европски суд за патенти и одредени прашања поврзани со патентот на Заедницата. Сегашниот Европски систем на патенти содржи одредени пропусти и има потреба за унифицирана заштита која целосно ќе биде применета во ЕУ. Клучно решение за европските иновации и конкурентност е воведување на подобар систем за патенти.

Министрите надлежни за истражување ќе подготват платформа за заживување на Европската политика за истражувањето и истражување базирано врз иновации. Советот треба да постигне согласност на кој начин ќе се подобри управувањето со Европската област на истражување. Финалните заклучоци ќе се проследат до шефовите на држави и влади на Европскиот совет на 10 и 11 декември 2009 година.

На дневен ред е и предлогот на директива за правата на потрошувачите, која вклучува ревизија и зајакнување на постојните директиви за склучување на договори преку интернет, телефон и заштита од нерегуларни услови. После интензивни преходни дискусии меѓу земјите-членки, за прв пат ова прашање ќе се дебатира на министерско ниво.

Во дискусиите ќе се отвори и прашањето за воспоставување на нова форма на здружение - Европско приватно претпријатие, со цел да се зајакне конкуренцијата на малите и средни претпријатија како и за олеснување на нивното основање на пазарот.

Click