2009



Петок, 27 ноември 2009 година

Усвоен Пакетот за телекомуникации

На 25 ноември 2009 година во Стразбург, шведскиот министер за комуникации Аса Торстенсон и претседателот на Европскиот парламент Јержи Бузек го потпишаа Пакетот за телекомуникации.

Телекомуникацискиот пакет на 5 ноември оваа година ја доби согласноста од Советот на министри и Европскиот парламент. На 19 ноември беше усвоен од Советот на министри, а на 24 ноември и од Европскиот парламент.

Пакетот за телекомуникации ќе ја зајакне конкурентноста и заштитата на потрошувачите во Европа, води до пониски цени и подобри услуги. Неговото воведување е победа за потрошувачите во Европа.

Откако е завршен процесот на донесување на одлуките и потпишувањето на текстот, земјите-членки имаат рок од 18 месеци да ја воведат легислатива во националните законодавства. Со влегувањето во сила на новите регулативи ќе се намали несигурноста меѓу претпријатијата, со што ќе се олеснат и инвестициите. 

Click