Петок, 1 јули 2016 година
Словачка нов претседавач со Советот на ЕУ
Од денеска, 1 јули, започнува шестмесечното претседавањето на Словачка со Советот на Европската Унија.
Оваа функција е прва за Словачка, која е дел од ЕУ веќе 12 години, а доаѓа во еден чувствителен период кога Унијата се соочува со предизвикот „Брегзит“, но и со мигрантската криза и феноменот на тероризмот.