Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ)
Делегацијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа се состои од шеф на Делегацијата, двајца членови и тројца заменици членови на Делегацијата.
Акредитивите на членовите и замениците членови на Делегацијата во Парламентарното собрание на Советот на Европа ги издава претседателот на Собранието на Република Македонија, најдоцна седум дена пред започнувањето на редовното годишно заседание на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Мандатот содржан во акредитивот од ставот 2 на овој член не може да се отповика, освен во случаите наведени во актите на Парламентарното собрание на Советот на Европа.