Соопштенија

Четврток, 20 јуни 2019 година

Пратеникот Џеват Адеми на пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ во Сараево

На Шестата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), што ќе се одржи на 21 и 22 јуни 2019 година во Сараево, Босна и Херцеговина, ќе учествува Џеват Адеми, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија и член на Делегацијата во ПС на ПСЈИЕ.

На Сесијата што се одржува во рамките на Претседателството на Босна и Херцеговина со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, се очекува учество на  пратеници од 13 земји учеснички во Процесот, како и од меѓународните парламетарни собранија – партнери на ПС на ПСЈИЕ.

Главна тема за дискусија на пленарното заседание е: „Подобра поврзаност за подобар живот – како да се постигне вистинска промена во процесот на регионална соработка“. Во рамките на Сесијата, ќе се одржат седници на трите комиисии и на Постојаниот комитет на ПС на ПСЈИЕ.

Во својство на претседател на Комисијата за правда, внатрешни работи и безбедносна соработка, Џеват Адеми ќе претседава со седницата на Комисијата, а на Пленарното заседание ќе ги презентира предлогот на извештајот и предлогот на резолуцијата на оваа Комисија.

Се очекува, на крајот на сесијата, членовите на Парламентарното собрание да усвојат Финална декларација, како и извештаите и резолуциите на на трите комисии на ПС на ПСЈИЕ.

Парламентарното собрание на ПСЈИЕ, во кое членуваат Парламентите на земјите на Југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Молдавија, Романија, Северна Македонија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора, своите цели и задачи ги базира на принципите на регионална сопственост и европска интеграција. Парламентарното собрание игра значајна улога во промовирањето на парламентарното учество и олеснувањето на интерпарламентарниот дијалог и соработка во регионот, како и во поттикнувањето на процесот на интеграција во Европската Унија. 

Click