Активности

Среда, 20 ноември 2019 година

Честитки за Светскиот ден на децата!

Драги деца,

Ние возрасните ќе се трудиме да бидете секогаш здрави, среќни и насмеани, во светот да нема деца лишени од правото на живот, правото на семејство и семејна топлина, правото на слободно изразување на вашите мисли, а ние ќе ве ислушаме и ќе постапиме по нив.  Вие, децата, не смеете да бидете жртви на насилство од кој било вид, жртви на принудна работа, сведоци на војна или, уште полошо, учесници во воени конфликти. Светот е ваш дом, наш аманет за вас, чекорете храбро и сигурно, бидете предвесникот на светлата иднина за сите!

Click