Вторник, 30 јули 2019 година
Четириесет и седма седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Северна Македонија, на денешната 47. седница, како матично работно тело, го разгледа Годишниот извештај за работата на ЈРП Македонската радио телевизија за 2018 година;
На седницата на Комисијата во својство на претставник на ЈРП Македонска радио телевизија присуствуваше претседателот на Програмскиот совет на МРТ, Смилка Јанеска-Саркањац.
Комисијата за транспорт, врски и екологија, со 4 гласа ,,за” и 5 гласа ,,против”, не го усвои заклучокот со кој се предложи Собранието на Република Северна Македонија да го разгледа Годишниот извештај за работата на ЈРП Македонската радио телевизија за 2018 година.