Вторник, 30 јули 2019 година
Четириесет и шеста седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Северна Македонија, на денешната 46. Седница, како матично работно тело, го разгледа:
- Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство - I читање;
- Извештајот за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2018 година;
На седницата на Комисијата присуствуваше Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски и Мишко Србиновски, претставник на Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Во образложението по Предлогот на законот претставникот на Владата ја нагласи потребата за донесување на законот, целите што ќе се постигнат и основните решенија што се уредуваат со законот.
Пратеничката Лилјана Затуроска истакна дека за опозицијата е прифатлив Предлогот на законот и исто така постави прашања во однос на одредени членови на Предлогот на Законот до министерот за транспорт и врски.
Министерот Сугарески, претставникот од Министерството за транспорт и врски Снежана Филиповска Павлевска и претставникот од Агенцијата за цивилно воздухопловство Зоран Ангеловски и дадоа одговор на поставените прашања и дилемите во врска со Предлог Законот.
Додека Годишниот извештај за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2018 година, го образложи претставникот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Србиновски.
Во дискусијата пратениците Лилјана Затурсока и Диме Велковски истакнаа дека ке го подржат Извештајот за реализација на годишна програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2018 година.
На крајот од расправата, Комисијата едногласно констатираше дека Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство - прво читање е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.
Исто така Собранието го усвои и Извештајот за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2018 година и одлучи овој заклучок заедно со извештајот на Комисијата за транспорт, врски и екологија да се достави до Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија и Владата на Република Северна Македонија.