Активности

Четврток, 17 октомври 2019 година

Дваесет и шеста седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Северна Македонија, на денешната 26. Седница, како матично работно тело, во второ читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за виното.

На седницата на Комисијата во својство на претставник на Владата на Република Северна Македонија присуствуваше Благе Цветковиќ, заменик на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Љупчо Димовски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, поднесени се вкупно 5 амандмани по Предлогот на законот од кои два беа усвоени, а три не. 

Во претресот по амандманите учествуваа пратениците: Љупчо Димовски, Павлинче Честојнова, Трајчо Димков, Татјана Прентовиќ, Весна Пемова и Панчо Минов.

По расправата, Комисијата го проследи Предлогот на законот на натамошна постапка во Собранието. 

Click