Вторник, 17 септември 2019 година
Јавна расправа на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија вчера одржа Јавна расправа на тема: Нацрт-просторен план на Национален парк Пелистер 2016-2030.
Обраќање пред пратениците и присутните гости имаа предлагачите на Нацрт- просторниот план - раководителот на сектор во Министерството за животна средина и просторно планирање, Неби Реџепи и Душица Трпчевска од Агенцијата за планирање на просторот.
На Јавната расправа дискутираа и дадоа свои мислења, предлози и забелешки пратениците Лилјана Поповска, Лилјана Затуроска и Костадин Ацевски.
Во дискусијата учествуваа дел од поканетите гости: Мите Ристов од Геосфера- Битола, Христина Оџаклиеска од Агенцијата за планирање на просторот, Пеце Цветановски од Национален парк Пелистер, Биљана Стевановска од Организација ОРТ и Деспина Китанова од МЕД, како и Неби Реџепи и Душица Трпчевска.
Откако беше исцрпена дискусијата на пријавените учесници, претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска, ја затвори Јавната расправа за Нацрт-просторниот план на Националниот парк Пелистер 2016-2030 без заклучоци.