Активности

Петок, 12 октомври 2018 година

Комисијата за финансирање и буџет ги усвои амандманите на Предлог-законот за отпишување на камати за наплата на долгови

Комисијата за финансирање и буџет едногласно ги прифати амандманите на предлог-законот за отпишување на камати за наплата на долгови  кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабелски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште. Амандманите произлегоа од јавната расправа.

Со усвоениот амандман опфатот за отпишување на камати за наплата на долгови и за радиодифузната такса. Право на отпис на камата остварува секое физичко лице-должник кој ќе изврши уплата на главниот долг и трошоците, судски, нотарски и трошоци на извршување на постапка во рок од 12 месеци од донесување на одлуката. 

Висината на наградата и надоместокот на извршните  и процесните трошоци за работата на извршителите и адвокати, по предмети кои произлегуваат од услугите , не може да надмине 20% од нивните предјавени и утврдени трошоци. Законот ќе стапи во сила осмиот ден од денот на објавување во „Службен весник“ на Република Македонија.

Овој закон, беше речено на седница на Комисијата, ја покажува парламентарната демократија и соработката меѓу пратениците. Со Законот, кој е предложен од пратеници од пратеничките групи, се уредуваат условите, начинот и постапката за отпишување на камати за наплата на долгови .

Предмет на овој закон е  отпис на затезната, односно казнена камата која  се однесува на главниот долг и трошоците на постапка и истата подлежи на отпис од моментот на поднесување на тужба за наплата на паричен долг (присилна наплата) пред надлежен суд до конечна исплата на паричното побарување вклучувајќи ги и трошоците на постапка од страна на должникот.

Click