Активности

Втроник, 22 јануари 2019 година

Негување на добрососедските односи важен предуслов за просперитет и развој

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Артан Груби, имаше средба со новиот генерален секретар на  Регионалниот совет за соработка, Мајлинда Брегу, која ја презема оваа функција на почетокот на оваа година.

На средбата Груби информира за најновите случувања во земјата, со посебен осврт на реализацијата на  Преспанскиот договор  и усвојувањето на уставните измени  во Собранието, со кој  се надмина долгогодишниот  спор со името со Република Грција, како и на минатогодишниот Договор за добрососедство и пријателство со Република Бугарија, со што ги потврдивме нашите заложби за негување на добрососедски односи со сите наши соседи, како важен предуслов за просперитет и развој.

Во однос на реализацијата на Охридскиот рамковен договор, Груби, посочи дека со влегувањето во сила на Законот за употребата на јазиците, се закружи целосната имплементација на Договорот, и дека во тек е зајакнување на административните и техничките капацитети за негова практична примена. За работата на Комисијата за европски прашања, истакна за поздравување е што во Комисијата се постигнува консензус за ЕУ прашањата, помеѓу опозицијата и позицијата.

Брегу, говорејќи за планираните активности на Регионалниот освет за соработка, чија главна функција е  подготовка и креирање на развојни проекти и создавање на политичка клима  за економски и социјален развој на земјите  од ЈИЕ, истакна, дека таа како Генерален секретар и понатаму ќе се залага за  активно помагање на земјите во регионот за нивно приближување кон евроатлантските структури. Во тој контекст, истакна, дека особено внимание ќе му посвети на зајакнување на соработката на Советот со парламентите во регионот, како и за нивна меѓусебна соработка.

 На средбата, заедничка беше констатацијата дека за пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ, првенствено, е важно да се постигне владеењето на правото во земјите, на што во наредниот период треба поинтензивно да се работи.

 

 

 

 

Click