Активности

Среда, 20 ноември 2019 

Обраќање на претседателот Џафери по повод Светскиот ден на децата 

Почитуван народен правобранител Мемети,
Драги деца, 
Почитувани присутни, 

Дозволете да ја искажам радоста што денес можам да бидам заедно со вас на овој убав ден - Светскиот ден на децата, и да ве поздравам во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и да кажам дека иако со Универзалната декларација и Конвенцијата за правата на децата на Обединетите нации се утврдува 20-ти ноември како Универзален ден на децата, тоа не значи дека преостанатите 364 дена не треба да го славиме, да се грижиме и да ги штитиме вашите права и да овозможиме ваш нормален раст и развој.

 

Вие сте наша одговорност, наша совест и тоа што ќе вградиме во вас, она на што ќе ве учиме и за што ќе ви бидеме пример, е тоа во што ќе го претворите светот токму вие во иднина. Затоа што, како што вели и почитуваниот Џон Ф. Кенеди, цитирам „Децата се живи пораки што ние ќе ги пратиме во времето што нема да го видиме“ (крај на цитат), и доколку сакаме тоа време да биде време на мир, на безбедност, на благосостојба и време на среќни деца/односно граѓани затоа што личност е личност, без разлика колку е физички мал, тогаш треба да водиме сметка за тоа да ниту едно дете во светот не биде лишено од правото на живот, правото на семејство и семејна топлина, правото на изразување на своите мисли и ислушување и постапување по истите. Ниту едно дете не смее да биде жртва на насилство од сите видови, жртва на принудна работа, сведок на војна или уште полошо, учесник во воени конфликти.  

 

Ви благодарам за довербата што ми ја укажувате со оваа Порака и ве охрабрувам да продолжите со овој „Марш за Еднакви права на сите деца“ почнувајќи од Собранието на Република Северна Македонија, ова е ваш дом, ова е ваш град и ова е ваш свет, чекорете храбро и сигурно, бидете предвесникот и ветерот на светлата иднина за сите!

Честитки!!!
 

Click