Активности

Среда, 20 март 2019 година

Обука на тема „Учество на лицата со попреченост во политичкиот живот“

Пратениците Јагода Шахпаска и Трајчо Димков, како заменик-претседавачи на Интерпартиската парламентарна група за лицата со посебни способности (ИППГ), на 18 и 19 март 2019 година, учествуваа на дводневна обука на тема „Учество на лицата со попреченост во политичкиот живот“, која се одржа во Гевгелија.

Настанот беше организиран од страна на Полио Плус-движење против хендикеп со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Обуката беше можност за подигање на свеста за ограниченото учество на лицата со попреченост во политичкиот живот, како и за идентификација на активности и препораки кои треба да се надминат, со цел зголемено учество на лицата со попреченост во политичкиот живот.

На обуката беа презентирани и наодите од анализата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за политичкото учество  на лицата со попреченост, како и заклучните согледувања на Комитетот за правата на лицата со попреченост на Обединетите нации. Исто така, учесниците беа запознаени и со националниот контекст и предизвици, како и за родовата компонента.

Предавачи на обуката беа лица со посебни способности, како и претставници од Мисијата на ОБСЕ. Активно учество зедоа и пратениците со свои согледувања и предлози за идни активности за поактивно и поефективно вклучување на лицата со попреченост во политичкиот живот.

Click