Активности

Понеделник, 15 јануари 2018 година

Петнаесетта седница на Комисијата за финансирање и буџет

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија на 15. седница, одржана на 12 јануари 2018 година, како матично работно тело, го разгледа Предлогот на законот за изменување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (прво читање).     

Воведно образложение по поднесениот Предлог на закон даде заменикот на министерот за финансии, г-ѓа Ширете Елези.

Таа истакна дека со Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост се уредуваат правата и должностите на државните органи  во однос на набавката, користењето и располагањето со стварите во државна сопственост и евиденцијата на стварите што како долгорочни средства ги користат државните органи за извршување на работите и задачите во земјата и во странство, освен за стварите што ги користат дипломатско конзуларните претставништва на Република Македонија, како и правата и должностите на правните лица основани од државата во однос набавката, размената, користењето на недвижни и движни ствари и продажбата на движни ствари.

Со истиот се уредува и постапката за давање на користење на стварите во општинска сопственост на државните органи и на правните лица основани од државата, како и постапката за продажба и давање под закуп на недвижни и продажбата на движни ствари во општинска сопственост, како и продажба на ствари за кои е издаден лист за предбележување на градба во корист на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје.

Целта на измените на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост е истиот да се усогласи со измените на Законот за јавните набавки во делот на обврската за барање согласност од Советот за јавни набавки.

Комисијата за финансирање и буџет едногласно заклучи дека овој Предлог на закон е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Click