Активности

Петок, 6 октомври 2017 година

Претставување на кандидатките за градоначалнички                               

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија во соработка со Националниот демократски институт НДИ, денеска организира промоција на кандидатките за градоначалнички на претстојните локални избори во Република Македонија.

Кандидатките за градоначалнички и носителките на советничките листи ги поздравија и им посакаа успешна кампања Ѓулумсер Касапи, координаторка на Клубот на пратенички, Даниела Рангелова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Крис Хеншоу, директор на НДИ Македонија.

Од 15 кандидатки за градоначалнички на промоцијата се претставија 10 кандидатки: Дафина Стојановска, кандидатка за градоначалничка на Гостивар на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Јовановска, кандидатка за градоначалничка на Старо Нагоричане, на коалицијата предводена од СДСМ, Јадранка Бибан, независна кандидатка за градоначалничка на Дебарца, Марија Џонс (Јонес), кандидатка за градоначалничка на Градот Скопје на Левица, Миликије Халими, кандидатка за градоначалничка на Арачиново, на коалицијата предводена од СДСМ, Нафие Селмани, кандидатка за градоначалничка на Градот Скопје, на БЕСА, Нермин Теловска, кандидатка за градоначалничка на Чаир, на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Соња Стаменкова, кандидатка за градоначалничка на Македонска Каменица, на коалицијата предводена од СДСМ, Теута Арифи, кандидатка за градоначалничка на Тетово, на ДУИ и Снежана Манева, независна кандидатка за градоначалничка на Дојран.

По претставувањето на кандидатките имаше дискусија во која учествуваа повеќе актуелни пратенички, кои им дадоа голема поддршка на кандидатките за градоначалнички.

На претстојните локални избори има 15 кандидатки за градоначалнички и 50 носителки на советничките листи, што е незадоволителен број според актуелните пратенички кои се борат за повеќе жени во одлучувачките структури во политичкиот и општествениот  живот во Република Македонија.

Click