Активности

Четврток, 13 јуни2019 година

Процесот на пристапувањето кон ЕУ е процес на демократија

Делегација од германскиот Бундестаг, предводена од претседателот на Парламентарната група, Јосип Јуратовиќ денеска во Собранието на Република Северна Македонија остварија средба со Пратеничката група за соработка со Парламентот на Сојузна Република Македонија, како и Комисиите за европски прашања и надворешна политика.

Претседателот на Пратеничката група, Владимир Ѓорчев изрази задоволство од посетата на германските пратеници во Собранието, воедно посочи дека парламентите на двете земји имаат долгогодишна соработка, Германија е пријател, партнер и сојузник на нашата земја.

Ѓорчев ги истакна и активностите на германските политички фондации во земјата како навистина корисни, одличната соработка со германска стопанска комора, како и германската амбасада во Скопје за нејзината насоченост кон економската соработка.

Членството во НАТО-алијансата и отпочнување на пристапните преговори со Европската унија во моментов се двете важни работи за иднината на земјата, апелираше Ѓорчев.

Процесот на ратификација на Протоколот за членство во НАТО во сите земји-членки е отпочнат, на 6 јуни годинава беше ратификуван и од страна на германскиот Бундестаг, а негова целосна финализација се очекува на Лондонскиот самит во декември.

Претседателот на Парламентарната група, Јуратовиќ, истакна благодарност од посетата чија цел е надградување на односите на парламентарно ниво.

Европската Комијса дава препорака за отпочнување на пристапните преговори, но Советот е тој кој ја спроведува, а на тој пат помеѓу препорака и спроведувањето се националните парламенти и затоа соработка на парламентарците е многу битна-истакна Јуратовиќ.

Шпреса Хадри, член на Комисијата за европски прашања се осврна на она што беше сработеното изминатата година меѓу кои: потпишувањето на Договорот од Преспа, Договорот за добрососедство со Бугарија, отпочнување на процесот на ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО, носење на Законот за употреба на јазиците, пакет закони во консензус со опозицијата со цел спроведување на реформи во судството, безбедноста, јавната администрација, справување со корупцијата и судир на интереси, како и подобрување на условите во медиумскиот простор.

Претседателот на комисијата за надворешна политика, Милошоски изрази благодарност за поддршка која Германија и ја дава на земјата на патот кон евроатлантските аспирации, и дека двете земји бележат одлична билатерални односи.

Присутните се согласни дека Процесот на пристапувањето кон ЕУ е процес на демократија и секој кој го попречува го попречува патот на демократијата, како и тоа дека нашата држава испорача резултати сега наред е Унијата да го валоризираа тоа.

Тие дебатираа и за поделеноста на ЕУ во однос на едни земји-членки кои сметаат дека треба да се насочат кон подобрување на стабилноста и продлабочување на Унијата, но и на земји-членки кои сметаат дека продлабочувањето неможе без проширувањето и без интеграција на Западен Балкан.

 

 

 

Click