Петок, 11 јануари 2019 година
Работна средба на претседателот Џафери со бугарскиот амбасадор Aнгелов
Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери денес оствари работна средба со бугарскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Ангел Ангелов. На средбата се разговараше за текот на процедурата за уставните измени и за идните фази на имплементација на Договорот од Преспа кој што ќе овозможи исполнување на условите за полноправно членство на Република Македонија во НАТО и почеток на преговорите за интегрирање во Европската Унија. Оваа средба е уште една од низата предвидени средби со амбасадорите на земјите членки на НАТО.