Активности

Среда, 12 јуни 2019 година

Ратификација на Протоколот за НАТО во естонскиот парламент  

Денешниот ден е крунисан со убава вест, односно, Парламентот на Република Естонија го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во Алијансата и со тоа станува седумнаесеттата земја членка на НАТО која и укажува доверба на нашата земја. 

Со овој значаен гест, Република Естонија се вбројува во низата земји членки на НАТО кои придонесуваат во остварувањето на нашата стратешка определба за полноправно членство во НАТО и за тоа сме бескрајно благодарни.  

Click