Активности

Понеделник, 11 ноември 2019 година

Развојот на инфраструктурата - основен предуслов за успешен економски раст

На редовната сесија на Парламентарното собрание на ПД-ЦЕИ, која се одржа во Рим, Италија, која воедно е и претседавач со ЦЕИ оваа 2019 година, учествуваше и делегацијата на ПД-ЦЕИ на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Делегацијата, Фадил Зендели.

Тема на оваа конференцијата на ПС на ПД-ЦЕИ беше „Развојот на инфраструктурата како предуслов за компетитивен бизнис во земјите членки на ЦЕИ“.

Во работниот дел на конференцијата, во рамките на своето обраќање, претседателот на Делегацијата, Фадил Зендели, го поздрави претседавањето на Италијанската Република оваа 2019 година со ЦЕИ, како значајна година кога се одбележуваат 30 години од формирањето на ЦЕИ. Тој, во своето обраќање на темата, ја потенцираше важноста од развојот на инфраструктурата како основен предуслов за успешен економски раст. Токму затоа, како клучно се наметнува прашањето за изнаоѓање на нови начини на финансирање на исплатливи инфраструктурни проекти, како и подобрување на квалитетот на јавните услуги.

Во таа насока, како што истакна Зендели, со цел да се надмине растечкиот јаз помеѓу потребата од инфраструктурни проекти и недостаток од финансиски средства кај јавниот сервис за реализација на тие проекти, јавно-приватните партнерства се јавуваат како растечки елемент во набавката и подобрување на јавните услуги и со тоа се овозможува во нивното финансирање и вршење, да биде вклучен и приватниот сектор.

Во текот на своето излагање, тој ги наведе предностите и придобивките на ЈПП во реализацијата на инфраструктурните проекти, како често користена форма за финансирање на разни проекти кај земјите од ЕУ.

На крајот на конференцијата беше усвоена Заедничката декларација за насоките околу развојот на инфраструктурните проекти кај земјите членки на ЦЕИ, како и за земјите од целиот регион и пошироко.

Исто така, беше поздравено и идното претседавање со ЦЕИ на Република Црна Гора, во текот на 2020 година.  

Click