Активности

Вторник, 18 декември 2018 година

Романска поддршка за пристапување на Македонија во ЕУ

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Артан Груби, заедно со членовите и замениците на Комисијата, имаше средба со министерот делегиран за европски прашања на Романија, Џеорџе Чиамба, во придружба на амбасадорот на Романија во Република Македонија, Н.Е. Виорел Станила. 

Груби го информираше високиот гостин за реализираните задачи, истакнувајќи ги, пред сè, ратификациите на Договорот за соработка со Бугарија, како и на Преспанскиот договор, и во тој контекст за текот на уставните измени кои се во собраниска процедура. Притоа, истакна дека Договорот е историска шанса за Македонија и дека подобар договор не можело да се постигне. 

Во однос на неопходниот консензус на ЕУ прашањата во земјата, истакна дека тоа е заедничка цел на сите политички партии застапени во Парламентот, а доказ за тоа е токму Комисијата за европски прашања, каде на сите 24 досега оддржани седници, одлуките се донесени, без ниту еден глас против или воздржан. Исто така, информира дека процесот на помирување меѓу позицијата и опозицијата во однос на насилствата од 27 април, е во завршна фаза, со изготвувањето на законското решение.

Министерот Чиамба, осврнувајќи се на претстојното шестмесечно претседавање со Советот на ЕУ од страна на Романија, истакна дека очекува успешно претседавање со Унијата, и покрај  големите предизвици со кои  ќе се соочува за време на ова претседателство, како што се пролетните избори за Европскиот парламент, повеќегодишната финасиска рамка, како и  процесот на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан. Во тој контекст, ја потврди романската поддршка за пристапување на Македонија во ЕУ, со укажување дека земјата мора да ги продолжи ЕУ реформите. Ја поздрави ратификацијата на Преспанскиот договор, кој мора да се имплементира со донесување на амандманите на Уставот, со цел Советот во јуни да донесе одлука Македонија да ги отпочне преговорите.

Мемеди се заблагодари на досегашната романска поддршка на  евроинтегративните процеси на Македонија, со потенцирање на потребата Унијата да го продолжи процесот на проширување со нови земји членки.

Click