Активности

Вторник, 9 јули 2019 годин

Средба на претседателот Џафери со членови на здружението Диван и претставници од Бошњачки национален совет и Бошњачкиот демократски сојуз             

Денешната средба на здружението ,,Диван“ кое е невладина организација од областа на културата, одржување на заедничките вредности и унапредување на правата на Бошњаците, претставниците од Бошњачкиот национален совет и Бошњачкиот демократски сојуз со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија беше по повод одбележувањето на дваесет и четири годишнината од геноцидот во Сребреница, БиХ. 

  
Претседателот Џафери истакна дека, 11-јули 1995 година е ден кој никогаш не смее да се повтори и претставува лекција и порака за сите мирољубиви народи и нации дека треба да продолжат да го негуваат мирот и соживотот. Тој исто така нагласи дека, и во иднина ќе продолжи да ја негува традиционално добрата соработа со Бошњачката заедница овде во Република Северна Македонија и ќе му биде чест што ќе ја предводи делегацијата од Република Северна Македонија на одбележувањето на годишнината во Сребреница на 11 јули, заедно со пратениците Зеќир Рамчиловиќ и Ферид Мухиќ, кои исто така им се обратија на присутните гости со порака дека ова злосторство и геноцид не смее никогаш да се повтори.

  

На средбата се обратија и дел од присутните гости од здружението ,,Диван“, претставниците од Бошњачкиот национален совет и Бошњачкиот демократски сојуз. Тие искажаа благодарност до Собранието на Република Северна Македонија и до претседателот Џафери што на годишнината на овој настан во Сребреница, нашата земја ќе ја претставува делегација од највисоко ниво, предводена лично од претседателот на Собранието и тоа претставува една нова реалност во Република Северна Македонија, истакнаа претставниците на овие здруженија.                                                                                                     

Click