Активности

Среда, 12 септември 2018 година

Средба на претседателот Џафери со г. Хашим Тачи, претседател на Република Косово

Во рамките на еднодневната официјална посета на Република Македонија, претседателот на Република Косово, г. Хашим Тачи, оствари средба и со г. Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија.

На средбата, претседателот Тачи рече дека Република Косово, како непосреден сосед, чувствува потреба да изрази поддршка за Република Македонија. Притоа, тој истакна дека Република Косово го почитува територијалниот интегритет на Република Македонија и силно го поддржува нејзиното членство во НАТО. Што се однесува на разговорите помеѓу Приштина и Белград, г. Тачи рече дека евентуалниот договор меѓу нив, воопшто нема да ги загрози соседните земји и дека целиот процес ќе биде во координација со Вашингтон и ЕУ.

Претседателот Џафери истакна дека постои огромен интерес за соработка меѓу институциите на двете пријателски и соседни држави, и за интензивирање на контактите и позитивната комуникација на официјалните лица во полза на унапредување на добрата меѓусебна соработка и размена на искуства во сите полиња од политичкиот и општествениот живот. Џафери рече дека ги поддржува напорите за постигнување на конечен договор меѓу Република Косово и Република Србија.

Click