Активности

Петок, 17 мај 2019 година

Триесет и девета седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Северна Македонија,  на денешната 39 седница, како матично работно тело, ги разгледа:

  • Годишниот извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2018 година;
  • Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2018 година.
На седницата на Комисијата во својство на претставник на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор присуствуваше директорот, Боре Еркечов, а Годишниот извештај го образложи членот на Управниот одбор, Сејдин Абази.

Во дискусијата учествуваа пратениците: Зоран Илиоски, Лилјана Затуроска, Диме Велковски и членот на Управниот одбор Сејдин Абази.

Пратеникот Зоран Илиоски истакна дека треба да се обрне поголемо внимание на овој тип на сообраќај, затоа што токму железничкиот превоз е знак за развиеност на една држава и притоа посочи дека треба да се вложува во железничката инфраструктура и во зголемување на бројот на патници кои се превезуваат.

Претседателот на Комисијата Лилјана Затуроска забележа дека и во овој Извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2018 година се забележани истите забелешки од страна на патниците и ништо не е анулирано од забелешките на претходните Извештаи. Воедно и апелираше во иднина Годишните извештаи на Агенцијата да не бидат со иста содржина, од причина што железничкиот транспорт треба да биде главниот крвоток во една држава.

Пратеникот Диме Велковски истакна дека детектираните недостатоци и проблеми не датираат само од овој период туку дека тие се провлекуваат одамна и потсети дека инвестициите не се во Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор затоа што таа врши само надзор и го истакна ставот дека Годишниот извештај за 2018 година ќе биде поддржан од страна на СДСМ со коалицијата. На крајот од дискусијата заклучи дека треба да се работи на привлекување на инвестиции.

Членот на Управниот одбор Сејдин Абази во однос на забелешките дека е потребно повеќе време работа за да се подобри состојбата и реалните потреби.  На крајот од расправата, Комисијата за транспорт, врски и екологија со 5 гласа ,,за” и 3 гласа ,,воздржани” му предложи на Собранието да донесе Одлука за одобрување на Годишниот извештај за работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2018 година.

На седницата во својство на претставник на Агенцијата за Пошти присуствуваше директорот, Билјана Аврамоска-Ѓореска и го образложи Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2018 година.

Во дискусијата по Годишниот извештај за работата на Агенцијата за пошти, учествуваше пратеникот Благоја Деспотоски кој укажа дека Агенцијата за пошти и покрај тоа што го постигнала до сега, мора континуирано да се стреми за натамошно подобрување на работата.






Click