Средба на претседателот Џафери со поранешниот претседател н...

Вторник, 26 февруари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со поранешниот претседател на Република Албанија, г. Алфред Мојсиу 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со поранешниот претседател на Република Албанија, г. Алфред Мојсиу, којшто е во Скопје по повод одбележувањето на 15-годишнината од трагичниот настан кај Мостар, во кој животот го загуби претседателот на Републиката Борис Трајковски.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со членот на претседателство...

Вторник, 26 февруари 2019 година

Средба на претседателот Џафери со членот на претседателството на БиХ, г. Жељко Комшиќ

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, на денешната средба упати благодарност на членот на претседателството на Босна и Херцеговина г. Жељко Комшиќ за неговата посета и искажана почит во однос на одбележувањето на 15-годишнината од трагичниот настан кај Мостар, во кој животот го загуби претседателот на Републиката Борис Трајковски.

Прочитај повеќе

Прес-конференција на претседателот Џафери 25.2.19...

Понеделник, 25 февруари 2019 година

Прес-конференција на претседателот Џафери

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, на прес-конференција кажа дека за Претседател не е избран со ничија жртва, туку дека тој е дел од таа жртва.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА Н...

Понеделник, 25 февруари 2019 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО МИНИСТЕРКАТА ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА, Г-ЃА ОЛТА ЏАЧКА 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со министерката за одбрана  на Република Албанија, г-ѓа Олта Џачка.

На средбата, двајцата соговорници изразија задоволство за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Албанскиот парламент. Нагласена  е одличната соработка меѓу Тирана и Скопје во изминатите години, како и напорите на Албанија за поддршка на нашата држава на европскиот пат и развој.

Прочитај повеќе

Учество на Собраниска делегација на пленарна сесија на Парл...

Понеделник, 25 февруари 2019 година

Учество на Собраниска делегација на пленарна сесија на Парламентарното собрание на Медитеранот

Во рамките на 13. пленарна сесија на Парламентарното собрание на Медитеранот (ПСМ), што се одржа во Белград, Република Србија, свое учество имаше и Собраниската делегација на ПСМ во состав: Емил Димитриев - шеф на Делегацијата и Чедомир Саздовски, член на Делегацијата.

Прочитај повеќе

Потреба од подигнување на свеста за значењето на воведување...

Понеделник, 25 февруари 2019 година

Потреба од подигнување на свеста за значењето на воведувањето на дигиталната технологија во образовниот систем

Пратеникот Фадил Зендели, член на Делегацијата на Собранието на Северна Република Македонија во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), учествуваше на Седницата на Комисијата за социјален развој, образование, истражување и наука на ПС на ПСЈИЕ, што се одржа на 22 и 23 февруари 2019 година во Подгорица, Црна Гора.

Прочитај повеќе

Јавна расправа за економските и здравствените придобивки од...

Петок, 22 февруари 2019 година

Јавна расправа за економските и здравствените придобивки од легализација на канабисот

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Северна Македонија одржа јавна расправа на тема: „Економските и здравствените придобивки од легализација на канабисот во Република Македонија“. 

Прочитај повеќе

Улогата на ОБСЕ од круцијално значење во вонредна или воена...

Петок, 22 февруари 2019 година, Виена

Улогата на ОБСЕ од круцијално значење во вонредна или воена состојба

Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС на ОБСЕ), ја одржа својата редовна Зимска сесија на 21 и 22 февруари 2019 година во Виена, Австрија, на која учествуваа над 250 парламентарци од 53 земји учеснички и четири земји партнери на ОБСЕ. 

На оваа сесија од Собранието на Република Македонија учествуваа Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата, Јагода Шахпаска и Реџаиљ Исмаили, членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на ОБСЕ.

Прочитај повеќе

Дваесет и осма седница на Комисијата за економски прашања 2...

Четврток, 21 февруари 2019 година 

Дваесет и осма седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, на денешната 28. седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, поднесен од пратениците: Горан Мисовски, Соња Мираковска, Горан Милевски и Ејуп Аљими (по скратена постапка).

Прочитај повеќе

До вистински одлуки преку транспарентност на Собранието...

Четврток, 21 февруари 2019 година

До вистински одлуки преку транспарентност на Собранието

Во Парламентарниот институт на Собранието на Република Северна Македонија се одржа Тркалезна маса за зајакнување на проценката и мониторингот на капацитетите - претставување на мониторинг алатката.

Прочитај повеќе
1...444546...117                                                                                                                      
Click