Груби на ручек со Нимиц во Њујорк...

Понеделник, 12 февруари 2018 година

Средба на пратеникот Груби со американскиот дипломат, г. Метју Нимиц

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, во Њујорк имаше работен ручек со посредникот на Обединетите нации за спорот со името, американскиот дипломат, г. Метју Нимиц.

Груби му ги пренесе на Нимиц сите негови впечатоци од интензивните средби во Вашингтон, вклучувајќи ги и обсервациите и од другите соговорници во периодот помеѓу двете меѓусебни средби.

Прочитај повеќе

Груби на појадокот со Tрaмп и на средби со конгресменот Бен...

Понеделник, 12 февруари 2018 година, Вашингтон

Пратеникот Груби на Молитвен појадок и на средби со конгресменот Бенкс и Даниел Сервер

Пратеникот Груби реализира работни средби со конгресменот Џим Бенкс и поранешниот претставник на Стејт Департмент, влијателниот аналитичар и универзитетски професор Даниел Сервер и учествуваше на молитвениот појадок со претседателот на САД и лидери од 140 земји на светот. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Џоана Мејкок...

Петок, 9 февруари 2018 година

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Џоана Мејкок, генерална секретарка на Европското женско лоби

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со генералната секретарка на Европското женско лоби, г-ѓа Џоана Мејкок.

На почетокот на средбата, претседателот Џафери ѝ посака добредојде на г-ѓа Мејкок и изрази задоволство од остварувањето на средбата. 

Прочитај повеќе

Груби во Стејт Департментот: Остануваме целосно посветени н...

Петок, 9 февруари 2018 година, Вашингтон

Средба на пратеникот Груби со г. Метју Палмер

Првиот собраниски човек за пријателство со САД, пратеникот Артан Груби, воедно и претседател на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, оствари работна средба во Стејт Департментот, во Вашингтон, со в.д. заменик-помошникот државен секретар, г. Метју Палмер. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г. Олег Шчербак...

Четврток, 8 февруари 2018 година

Средба на претседателот Џафери со г. Олег Шчербак, амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, г. Олег Шчербак.

Претседателот Џафери изрази задоволство од остварувањето на средбата и надеж дека пријателските односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација ќе продолжат да се развиваат по нагорна линија. 

Прочитај повеќе

Завршни препораки на МПК...

Четврток, 8 февруари 2018 година, Стразбур

Завршни препораки на МПК

На Вториот работен ден на состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет, на кој учествуваат пратениците Горан Милевски, Антонијо Милошоски,  Жаклина Лазаревска, Реџеп Мемеди, Бетиан Китев и Ејуп Алими, се дебатираше за меѓуетничките односи, соседството и регионалната соработка, имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, новиот закон за употреба на јазиците и за активностите по самитот во Трст, во рамките на Берлинскиот процес.  

Прочитај повеќе

Груби во Пентагон: НАТО сега!...

Четврток, 8 февруари 2018 година

Средба на пратеникот Груби со Лаура Купер, заменик-државен секретар за одбрана на САД

Пратеникот Артан Груби го посети и Пентагон за време на неговата посета на САД, каде што се сретна со високата претставничка на Депертментот за одбрана на Америка, Лаура Купер, заменик-државен секретар за одбрана на САД.

На средбата се констатираше одличната меѓусебна соработка на полето на одбраната, борбата против тероризмот.

Прочитај повеќе

Груби во Белата Куќа: САД се нашиот најголем пријател...

Четврток, 8 февруари 2018 година, Вашингтон

Средба на пратеникот Груби со г-ѓа Моли Монтгомери

Артан Груби престојуваше во Белата Куќа во Вашингтон каде што оствари среда со специјалниот советник на заменик-претседателот на САД Мајк Пенс, г-ѓа Моли Монтгомери.

Прочитај повеќе

Комисијата за култура во посета на Музејот на современата у...

Среда, 7 февруари 2018 година

Комисијата за култура во посета на Музејот на современата уметност

Членовите на Работната група на Комисијата за култура Ирена Стефоска, Никица Корубин, Маја Морачанин и Енес Ибрахим денеска остварија работна посета на Музејот на современата уметност, при што одржаа состанок со Мира Гаќина, директорка на Музејот, Зоран Петровски, кустос советник и Анжелика Апсис Апчевска, советничка во Град Скопје. 

Прочитај повеќе

Груби оствари средби со конгресмените Роскам, Адерхолт, Рет...

Среда, 7 февруари 2018 година

Груби оствари средби со конгресмените Роскам, Адерхолт, Ретклиф, Бак, Муленар и Дингл

Претседателот на Собраниската група за пријателство со САД, пратеникот Артан Груби, воедно претседател и на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, ја продолжи својата службена посета на САД со средби со повеќе свои колеги во Конгресот на САД.

Груби  оствари средби со конгресмените Питер Роскам, Роберт Адерхолт, Џон Ретклиф, Кени Бак, Џон Муленар и Деби Дингл, како и други сенатори и конгресмени.
Прочитај повеќе
1...909192...117                                                                                                                      
Click