Средба на претседателот Џафери со г. Ванино Кити...

Петок, 15 декември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со г. Ванино Кити, претседател на Комисијата за европски политики во Сенатот на Република Италија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џефери, се сретна со г. Ванино Кити, претседател на Комисијата за европски политики во Сенатот на Република Италија. 

Оценувајќи ги односите меѓу двете држави како пријателски и без отворени прашања, претседателот Џафери изрази надеж дека во блиска иднина ќе се интензивира директната комуникација меѓу законодавните домови на двете држави и тоа како на ниво на комисии, така и на ниво на претседатели на парламенти. 

Прочитај повеќе

Средба на пратеникот Груби со делегација на Италијанскиот с...

Петок, 15 декември 2017 година

Средба на пратеникот Груби со делегација на Италијанскиот сенат 

Денеска претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Артан Груби, заедно со членовите и замениците на Комисијата, имаше средба со делегација на Италијанскиот сенат, предводена од сенаторот г. Ванино Кити, а во придружба на амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, г. Карло Ромео.

Прочитај повеќе

Јавна расправа на тема: Прашањето на ограничување на правот...

Петок, 15 декември 2017 година

Јавна расправа на тема: Прашањето на ограничување на правото на слободно движење и дискриминацијата на граничните премини кон граѓаните од ромската етничка заедница

Собранието преку надлежните комисии и стручната служба активно да се вклучи во разгледување на прашањето на дискриминација на Ромите на граничните премини со организирање на надзорна расправа, формирање на Анкетна комисија и разгледување на прашањето пред Комитетот за односи меѓу заедниците; 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со потпретседателката на Реп...

Четврток. 14 декември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со потпретседателката на Република Бугарија, г-ѓа Илијана Јотова 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со потпретседателката на Република Бугарија, г-ѓа Илијана Јотова, која престојува во кратка работна посета на Република Македонија. 

Прочитај повеќе

Средба на пратеникот Димитриев со ЕУ експертот Варанезе...

Четврток, 14 декември 2017 година

Средба на пратеникот Димитриев со ЕУ експертот Варанезе

Претседателот на Комисијата за надзор надспроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациитеод страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и од Министерството за одбрана, г. Емил Димитриев, денеска оствари средба со експертот од Европската Унија, г. Маурицио Варанезе.

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Завршната конференција ...

Среда, 13 декември 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на Завршната конференција на Евроатлантскиот совет на Македонија по повод Проектот „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во светлината на евроатлантските интеграции“

Дозволете на самиот почеток да ви го честитам јубилејот,  дваесет години од формирањето на Евроатлантскиот совет на Македонија. Период во кој вие како невладина организација се етаблиравте како многу значаен општествен субјект во остварувањето на нашата стратешка определба, а тоа е целосна интеграција во НАТО и Европската Унија.
Прочитај повеќе

Јавна расправа на тема: „70 години Универзална декларација ...

Понеделник, 11 декември 2017 година

Јавна расправа на тема: „70 години Универзална декларација на правата на човекот: Осврт“

Постојаната  анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Македонија ја одржа Третата седница во соработка со Канцеларијата на ОН со следниот дневен ред: Јавна расправа на тема: “70 години Универзална декларација на правата на човекот: Осврт“

Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на јавната расправа „70 го...

Понеделник, 11 декември 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на јавната расправа „70 години Универзална декларација на правата на човекот: осврт“

Денеска сме тука за да го одбележиме 10 декември, ден кога во далечната 1948 година Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои оваа Декларација. Декларација која со својата широчина на вредности, според мене, е врвна цивилизациска придобивка во историјата на човештвото.
Прочитај повеќе

Пратеничката Славица Шуманска Митева на Третиот индустриски...

Понеделник, 11 декември 2017 година

Пратеничката Славица Шуманска Митева на Третиот индустриски форум во Полска

Пратеничката Славица Шуманска Митева, од 8 до 10 декември 2017 година учествуваше на Третиот индустриски форум, кој во организација на Иститутот за источни студии од Полска се одржа во Карпач, Полска.

Прочитај повеќе

Учество на собраниска делегација на Цетинскиот парламентаре...

Понеделник, 11 декември 2017 година

Учество на собраниска делегација на Цетинскиот парламентарен форум

Делегација на Собранието на Република Македонија составена од пратениците: Јагода Шахпаска и Реџаил Исмаили од 7 до 8 декември 2017 година учествувашe на 19. Цетински парламентарен форум на тема: „Парламент и масовни комуникации", во Цетиње, Република Црна Гора.

Прочитај повеќе
1...959697...117                                                                                                                      
Click