Соопштенија

Среда, 4 мај 2022

Делегација на Управувачката група на Собранието на студиска посета во Шведска

Делегација на Управувачката група на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Фадил Зендели, претседател и членовите Маја Морачанин, Мартин Костовски, Александар Велјановски, Гордана Силјановска-Давкова, Арбана Пашоли, Халил Снопче, Снежана Калеска-Ванчева и Дафина Стојаноска, ќе престојува во втора студиска посета на шведскиот законодавен дом на 5 и 6 мај 2022 година, на покана на пратениците на Риксдагот, членови на Управувачката група за соработката за демократски развој.

Соработката за демократски развој е воспоставена во 2020 година и досега се реализирани една посета на Шведскиот парламент и една посета на шведските пратеници на Македонското собрание.

Централна тема на програмата на студиската посета е родовата еднаквост, а пратениците ќе разменат искуства и мислења и за законодавниот процес, парламентарната контрола, за работата и надлежностите на уставните комисии во двата законодавни дома, а ќе следи и презентација на работата на националниот завод за ревизија на Шведска, потоа парламентарниот омбудсман, како и шведската изборна администрација.

Предвидено е пратениците од Македонското собрание да присутвуваат и на седница за поставување на пратенички прашања во шведскиот парламент. 



   

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.