Соопштенија

Петок, 19 ноември 2021

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „22 НОЕМВРИ“

На 22 ноември 2021 година (понеделник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ќе ја додели државната награда „22 Ноември“ за 2021 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

Добитници на наградата „22 Ноември“ за 2021 година се Фејзи Бојко, писател и проф. д-р Илбер Села, политиколог. 

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.