Соопштенија

Четврток, 18 ноември 2021

Пратеникот Миле Талевски на специјален состанок во Барселона

Во заедничка организација на Специјалната група за Медитеранот и Блискиот Исток, Поткомитетот за партнерство со НАТО и Шпанската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, на 19 и 20 ноември 2021 година, ќе се одржи специјален состанок во Барселона, Кралството Шпанија.

На состанокот ќе учествуваат делегации од националните парламенти на земјите членки на НАТО и делегации од земјите партнери на Алијансата. Од Собранието на Република Северна Македонија, ќе учествува пратеникот Миле Талевски, заменик-член на Делегацијата во Парламентарното собрание на НАТО и претседател на Комисијата за одбрана и безбедност. 

На состанокот, свои обраќања ќе имаат претставници на шпанските власти: Андер Гил Гарсија, претседател на Сенатот; Маргарита Роблес Фернандез, министерка за одбрана и адмирал Хуан Франциско Мартинез Нунеж, генерален секретар за одбранбена политика во Министерството за одбрана.

Учесниците ќе разменат мислења и со претставници на истакнати институти и експерти за актуелни прашања и предизвици поврзани со регионот на Медитеранот и Блискиот Исток, со посебен акцент на хуманата бездбеност и тековните миграции, безбедносните предизвици од отворените конфликти и перспективите за нивна стабилизација.

 

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.