Среда, 20 ноември 2019 година

МИСОВСКИ - КРАБАЛ: РАЗЛИЧНОСТА Е НАША ДЕВИЗА

Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски денеска оствари средба со Делегација предводена од Жан Крабал, парламентарен генерален секретар на Франкофонијата. 
Потпретседателот Мисовски, истакна дека Собранието веќе 19 години има силни пријателски врски со Франкофонијата и тие врски се историски и културни, а францускиот јазик и мисла се составен дел од нашето секојдневие.

повеќе...

 

Среда, 20 ноември 2019 година

КУЛТУРАТА НАЈСИЛНО ГИ ПОВРЗУВА НАРОДИТЕ МЕЃУСЕБЕ

Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата, предводена од претседателот Џевад Адеми денеска оствари средба со Жан Крабал, парламентарен генерален секретар на Франкофонијата. 

повеќе...

 

Среда, 20 ноември 2019 година

ЧЕСТИТКИ ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕЦАТА!

Драги деца,

 Ние возрасните ќе се трудиме да бидете секогаш здрави, среќни и насмеани, во светот да нема деца лишени од правото на живот, правото на семејство и семејна топлина, правото на слободно изразување на вашите мисли, а ние ќе ве ислушаме и ќе постапиме по нив.  Вие, децата, не смеете да бидете жртви на насилство од кој било вид, жртви на принудна работа, сведоци на војна или, уште полошо, учесници во воени конфликти. Светот е ваш дом, наш аманет за вас, чекорете храбро и сигурно, бидете предвесникот на светлата иднина за сите!

повеќе...

 

Вторник, 19 ноември 2019 година

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „22 НОЕМВРИ“

На 22 ноември 2019 година (петок), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 13:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ќе ја додели државната награда „22 Ноември“ за 2019 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свои придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

повеќе...

 

Четврток, 14 ноември 2019 година

РЕГИОНАЛНО СОБРАНИЕ ЕВРОПА НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ НА ФРАНКОФОНИЈАТА

Од 14 до 15 ноември 2019 година во Делемон, Швајцарија, ќе се одржи Регионалното собрание Европа на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ) на која ќе учествува г. Џеват Адеми, претседател и г-ѓа Весна Дамчевска-Илиевска, прв потпретседател на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ).

повеќе...

 

Вторник, 12 ноември 2019 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА СЕМИНАР ЗА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Во рамките на Програмата за поддршка на Парламентите од земјите на Западен Балкан и Турција, во организација на Европскиот парламент, на 13 и 14 ноември 2019 година, во Брисел, Кралството Белгија, ќе се реализира семинар за социјални медиуми за пратенички од Собранието на Република Северна Македонија.

повеќе...

 

Четврток, 7 ноември 2019 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИЧКАТА КУЗМАНОВСКА СО ЦРНОГОРСКАТА АМБАСАДОРКА ПЕТРОВИЌ

Во текот на вчерашниот ден во Собранието се одржа средба на претседателката на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Црна Гора и Комисијата за финансирање и буџет, г-ѓа Лилјана Кузмановска и црногорската амбасадорка, г-ѓа Марија Петровиќ. На средбата беше потенцирана досегашната соработка на двете земји, како и заложбата истата дополнително да се продлабочи. 

повеќе...

 

Среда, 16 октомври 2019 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ АЉИМИ СО ЏУЛИЕН ВАСАЛО 

На средбата се разговараше за политичката состојба во земјата, владеењето на правото, ветингот но и ситуацијата во која се наоѓа нашата држава во пресрет на добивањето на датум за започнување на преговорите со Европската Унија. 

повеќе...

 

Вторник, 23 јули 2019 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ РАМЧИЛОВИЌ СО ИРФАН ЧЕНГИЌ, ПРАТЕНИК ОД БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Во рамки на денешната средба стана збор за почитувањето и унапредувањето на основните човекови права, како и за продлабочување и интензивирање на соработката помеѓу Парламентите на двете држави. 

повеќе...

 

Четврток, 7 ноември 2019 година

ИЛХАН КЈУЧЈУК - НОВ ИЗВЕСТУВАЧ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА ВО ЕВРОПАРЛАМЕНТОТ

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент одлучи нов известувач за Република Северна Македонија да биде Бугаринот Илхан Кјучјук, на местото на словенечкиот европратеник Иво Вајгл. Тоа значи дека во наредните пет години тој ќе ги подготвува извештаите за реформскиот напредок на нашата земја.

повеќе...

 

Вторник, 29 октомври 2019 година

НАГРАДАТА „САХАРОВ“ ЗА БОРЕЦ ЗА ПРАВАТА НА КИНЕСКОТО УЈГУРСКО МАЛЦИНСТВО

Илхам Тохти од Ујгур, кој се бори за правата на кинеското ујгурско малцинство, е добитник на наградата „Сахаров“ за 2019 година, којашто ја доделува Европскиот парламент за слобода на мислата. Тохти е поборник за дијалог и застапник за спроведување на регионалните закони за автономија во Кина. Од 2014 година е осуден на доживотен затвор поради сепаратизам. 

повеќе...

 

Среда, 24 јули 2019 година

МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ „ГОСПОД ПОСТОИ, ИМЕТО Ѝ Е ПЕТРУНИЈА“ ВО ТЕСНА КОНКУРЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКАТА НАГРАДА „ЛУКС“

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар-Митевска останува во игра за филмската награда „Лукс“ на Европскиот парламент, откако беа избрани трите финалисти.

повеќе...