Неформални групи

Четврток, 4 ноември 2021

Работна средба на Клубот на пратенички

Клубот на пратенички денеска одржа работна средба со НДИ и со претставнички на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, која  подготви документ за дополнување и изменување на Предлогот кој Владата го усвои на 26 јули и го достави до Собранието на Република Северна Македонија, а се однесува на измени и дополнувања на Кривичниот законик и негово усогласување со одредбите на Истанбулската конвенција.

Во документот детално е опфатено како моментално е регулирано во Кривичниот Законик, како е предложено од страна на Министерството за правда и како граѓанските организации предлагаат да биде доуредено, а сѐ во насока на успешно усогласување со Истанбулската конвенција, сеопфатна заштита на жените жртви на насилство и семејно насилство и санкционирање на сторителите со ефективна кривична санкција.

Документот е подготвен во соработка со други граѓански организации,  како и со организации кои се дел од Платформата за родова еднаквост.

На средбата дискутураа претседателката на Клубот, Лолита Ристова; претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Гордана Силјановска-Давкова и пратеничките Арта Билали-Зендели и Снежана Калеска-Ванчева. Пратеничките изразија подготвеност да се изготват предлози кои ќе го подобрат текстот на поднесениот закон, кој генерално е добар, при што особено ќе посветат внимание на терминолошкото усогласување. 


Click