Активности на Парламентарен институт

8-9 мај 2017

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД СЛУЖБАТА НА ПАРЛАМЕНТОТ НА ШВАЈЦАРСКАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН ИНСТИТУТ 

Во периодот од 8-9 мај во просториите на Едукативниот центар на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија во посета беше делегација од Швајцарскиот Национален Совет составена од пет претставници од парламентарната служба.

Предмет на посетата беше презентација и размена на искуства од областа на едукацијата и комуникацијата при што се разгледуваа можности за понатамошна соработка.

Како дел од посетата делегацијата имаше можност да присуствува на организирана обиколка на зградата и работните простории на Собранието на Република Македонија. 

Click