Пратенички групи за соработка




АЛЕКСАНДАР СПАСЕНОВСКИ    

 







   

Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден 1980 година во Скопје. Македонец. Дипломирал на Отсекот по политички науки и магистрирал на постдипломските студии по Меѓународно право и политика на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Докторант е од областа на правно-политичките науки на истиот факултет, каде е избран и работи како помлад асистент. Добро ги познава англискиот и српскиот јазик, а ги изучува албанскиот и германскиот јазик. Живее во Скопје.    

Активности во Собранието

  • Национален совет за евроинтеграции, член
  • Комисија за уставни прашања, заменик претседател
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за надворешна политика, заменик-член
  • Комисија за европски прашања, член
  • Комисија за образование, наука и спорт, член
  • Комитет за односи меѓу заедниците, член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Канада, член

Click