Среда, 24 јуни 2020 година

ОБРАЌАЊЕ НА Г. ГОРАН МИСОВСКИ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО, НА ТЕМА „ИЗГЛЕДИТЕ НА РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА ПО ПАНДЕМИЈАТА: ВРЕМЕ НА ПОГОЛЕМА ИНТЕГРАЦИЈА?“

Дозволете во име на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, како и во мое лично име, да изразам задоволство што сум дел од седмата пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ која се одржува по прв пат на овој необичен, виртуелен начин, меѓутоа се разбира, тоа го налагаат условите наметнати од глобалната закана наречена КОВИД 19, и секако, ние се прилагодуваме. 

повеќе...

 

Понеделник, 22 јуни 2020

УЧЕСТВО НА ПРАТЕНИКОТ ЛОКВЕНЕЦ НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА „ДА СЕ БИДЕ ВО  ЧЕКОР СО ЕВРОПА“ И НА СЕДНИЦАТА НА ПОСТОЈАНИОТ КОМИТЕТ НА ПС НА ПСЈИЕ

Пратеникот Хари Локвенец учествуваше на Меѓународната конференција „Да се биде во  чекор со Европа“ и на состанокот на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), што се одржаа  онлајн на 19 и 20 јуни 2020 година во организација на Косовскиот парламент.

повеќе...

 

Вторник, 23 јуни 2020

ПРАТЕНИЦИТЕ КИТЕВ И ПОПОСКИ НА ВИДЕОКОНФЕРЕНЦИЈА НА МОНИТОРИНГ КОМИСИЈАТА НА ПССЕ

Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа одржа видеоконференција на 22 јуни 2020 година за спроведување на демократски избори во контекст на пандемијата на КОВИД-19, на која учествуваа членовите Бетиан Китев и Никола Попоски.

повеќе...

 

Понеделник, 4 мај 2020 година

ПОЛАГАЊЕ ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

По повод 117-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев,  потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија,  Фросина Ташевска-Ременски, на 4 мај (понеделник) во 10.00 часот во црквата „Свети Спас“, на гробот на Гоце Делчев, ќе положи венец свежо цвеќе.

повеќе...

 

Четврток, 20 февруари 2020

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЗИМСКАТА СЕСИЈА НА ПС НА ОБСЕ

Од 20 до 21 февруари 2020 година во Виена, Австрија, ќе се одржи Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, на кое ќе учествуваат пратениците: Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата; Јагода Шахпаска и Реџаиљ Исмаили, членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

повеќе...

 

Четврток, 6 фервруари 2020 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА БУКУРЕШТ

Делегација од Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Романија, предводена од Панчо Минов, претседател на Групата, а во чиј состав се и членовите Мерал Узеири-Ферати, Сашко Костов и Драган Данев, од 5 до 8 февруари 2020 година, се во официјална посета на Романија.

повеќе...

 

Среда, 5 јануари 2020

СРЕДБА НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ РАМЧИЛОВИЌ СО АМБАСАДОРКАТА НА ЦРНА ГОРА, Н.Е. МАРИЈА ПЕТРОВИЌ

Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Зеќир Рамчиловиќ, се сретна со амбасадорката на Црна Гора во Република Северна Македонија, Н.Е. Марија Петровиќ.

Потпредседателот Рамчиловиќ истакна дека Црна Гора и Македонија и нивните народи имаат заедничко минато базирано на пријателство, соработка и меѓусебна поддршка. 

повеќе...

 

Петок, 31 јануари 2020 година

ГРУБИ – ПРЕТПАЗЛИВ ОПТИМИСТ ЗА ДАТУМ ОВАА ПРОЛЕТ   

Денеска, претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, г. Артан Груби, имаше средба со францускиот амбасадор во земјата, г. Кристијан Тимоние.

повеќе...

 

Понеделник, 20 јануари 2020

СРЕДБА НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ РАМЧИЛОВИЌ СО БОСАНСКИОТ АМБАСАДОР ЈАЌИМОВИЌ

Потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Зеќир Рамчиловиќ, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Босна и Херцеговина, Н.Е. Драган Јаќимовиќ.

повеќе...

 

Петок, 27 март 2020 година

НАШАТА ЗЕМЈА 30-ТА ЧЛЕНКА НА НАТО

Денеска нашата земја стана 30-та членка на НАТО, откако го депонираше својот инструмент за пристапување кон Северноатлантскиот договор пред Министерството за надворешни работи на САД во Вашингтон.

повеќе...

 

Среда, 5 февруари 2020

УСВОЕНА НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ

Европската комисија ја усвои новата Методологија за проширување на Европската Унија, што е всушност предлози за зајакнување на процесот на пристапување во ЕУ.  Таа ќе биде формализирана во рамките на преговорите со нашата земја и Албанија.

повеќе...

 

Понеделник, 6 јануари 2020

РИЕКА И ГОЛВЕЈ - ЕВРОПСКИ ПРЕСТОЛНИНИ НА КУЛТУРАТА

Хрватскиот град Риека и ирскиот Голвеј се избрани за европски градови на културата за 2020 година.

повеќе...