Понеделник, 17 јуни 2019 година

УЧЕСТВО НА ДЕНОТ ЗА ВИСОКИ ГОСТИ НА ВЕЖБАТА „ОДЛУЧЕН УДАР“

Целта на вежбата е подобрување на интероперабилноста на Армијата на Република Северна Македонија со НАТО стандардите, зајакнување на постојното партнерство со САД, како и демонстрација на можностите на вооружените сили на двете армии за помош и поддршка на цивилното општество. 

повеќе...

 

Понеделник, 17 јуни 2019 година

РАБОТНА ГРУПА НА СОБРАНИЕТО ВО ПОСЕТА НА КАЗНЕНО-ПОПРАВНАТА УСТАНОВА ЗАТВОР ОХРИД

Членови на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, односно на Работната група за посета на казнено-поправните установи во Република Северна  Македонија, на 13 јуни  2019 година, во рамките на своите надлежности, реализираа посета на Казнено поправната установа Затвор Охрид.

повеќе...

 

Четврток, 13 јуни2019 година

ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕТО КОН ЕУ Е ПРОЦЕС НА ДЕМОКРАТИЈА

Делегација од германскиот Бундестаг, предводена од претседателот на Парламентарната група, Јосип Јуратовиќ денеска во Собранието на Република Северна Македонија остварија средба со Пратеничката група за соработка со Парламентот на Сојузна Република Македонија, како и Комисиите за европски прашања и надворешна политика.

повеќе...

 

Понеделник, 17 јуни 2019 година

ПРАТЕНИЧКАТА МИТОВСКА НА СТУДИСКА ПОСЕТА ВО ЉУБЉАНА

Делегација од Собранието на Република Северна Македонија ќе присуствува на студиска посета во Љубљана, Република Словенија од 18 до 20 јуни 2019 година. Делегацијата ја претставува членот на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г-ѓа Слаѓана Митовска.

Студиската посета е во врска со Проектот за поддршка на Јавниот медиумски сервис во Западен Балкан, а во соработка со Словенскиот јавен радиодифузер (RTVSLO).

повеќе...

 

Петок, 7 јуни 2019 година

ЈАВНА РАСПРАВА ПО ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ

Комисијата за транспорт, врски и екологија на 40. седница, на 10 јуни 2019 година, во 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа по Предлогот на законот за урбанистичко планирање.

повеќе...

 

Петок, 31 мај 2019 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ПРОЛЕТНАТА СЕСИЈА НА ПС НАТО

Во рамките на редовните заседанија на ПС на НАТО, на Пролетната сесија што ќе се одржи од 31 мај до 3 јуни 2019 г. во Братислава, Словачката Република, ќе учествува Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од пратеникот Илија Димовски, шеф на Делегацијата и членовите на Делегацијата - Катерина Кузмановска и Весел Мемеди, потпретседател на Собранието. 

повеќе...

 

Петок, 29 март 2019 година                                                                 

ГРУБИ - ДУЦИНАС: ЗАСЛУЖУВАМЕ ДАТУМ ВО ЈУНИ 

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Артан Груби, имаше средба со  Костас Дузинас, професор по право и филозофија и директор на Биркбек институтот за хуманизам на Лондонскиот универзитет.

повеќе...

 

Четврток, 21 март 2019 година

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА СО НАДВОРЕШНИТЕ СОРАБОТНИЦИ НА ПРАТЕНИЧКИТЕ ГРУПИ ВО СОБРАНИЕТО

Во организација на Парламентарниот институт при Собранието на Република Северна Македонија, а подржано од Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија и Националниот демократски институт (НДИ) за Република Северна Македонија, во Кавадарци се спроведе Работилница за надворешните соработници на пратеничките групи на тема: „Зајакнување на административните капацитети во насока на јакнење на законодавната функција на Собранието: постапка за донесување закони, номотехнички правила на изработка на прописи, постапка за донесување буџет и усогласување на домашното со ЕУ законодавството“.

повеќе...

 

Среда, 13 март 2019 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА ГАЛОВЕЈ

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Диме Велковски, Шпреса Хадри, Владимир Ѓорчев, Африм Гаши и Сурија Рашиди, кои од 3 до 7 март 2019 година беа во официјална посета на Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, денеска, остварија работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, на нејзина покана.

повеќе...

 

Среда, 29 мај 2019 година

ПОЗИТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ОД ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

Денеска Европската комисија, преку еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и високата претставничка за надворешна политика Федерика Могерини, во Брисел го објави Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија, со кој препорачува отворање на преговорите за членство во Европската Унија.

повеќе...

 

Петок, 8 март 2019 година

РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ ПРИОРИТЕТ ЗА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Европската комисија се осврна на женските права во Европа и во странство. 

повеќе...

 

Среда, 6 февруари 2019 година

ПОТПИШАН ПРОТОКОЛОТ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ ВО НАТО

Во седиштето на НАТО во Брисел, денеска, беше потпишан Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во Алијансата. Протоколот го потпишаа постојаните претставници на 29-те членки на НАТО и министерот за надворешни работи на нашата земја, Никола Димитров.

повеќе...