Вторник, 22 октомври 2019 година

РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДОВО СЕНЗИТИВНИ ПАРЛАМЕНТИ

Делегација на Собранието на Република Северна Македонијa, составена од членови на Клубот на пратенички и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, во рамките на проектот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за демократски реформи и институционално јакнење на Собранието, учествуваше на Билатерална работилница на тема: „Кон родово сензитивни парламенти во Република Албанија и Република Северна Македонија“, која се одржа од 18 до 20 октомври 2019 во Поградец, Република Албанија. 

повеќе...

 

Четврток, 17 октомври 2019 година

ДЕБАТА НА ТЕМА: „КАКО РАБОТАТА НА ПАРЛАМЕНТИТЕ ДА БИДЕ ПОДОСТАПНА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ: НАЈДОБРИ ПРАКТИКИ“

Генералната секретарка на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова учествува на Заседанието на Здружението на генералните секретари на парламентите (ЗГСП), што се одржува во рамките на 141. Собрание на Интерпарламентарната унија (13-17 октомври 2019 година Белград, Република Србија).

повеќе...

 

Четврток, 17 октомври 2019 година

ДВАЕСЕТ И ШЕСТА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Северна Македонија, на денешната 26. Седница, како матично работно тело, во второ читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за виното.

повеќе...

 

Вторник, 22 октомври 2019 година

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЕЦ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод 23 Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба, Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Костадин Ацевски, Весна Дамчевска-Илиевска и Зеќир Рамчиловиќ, на 23 октомври 2019 година (среда), во 11:00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот Парк во Скопје.

повеќе...

 

Четврток, 10 октомври 2019 година

ДЕЛЕГАЦИЈА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ИНТЕРПАРЛАМЕНТАРНАТА УНИЈА

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија ќе учествува на 141. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што ќе се одржи од 13 до 17 октомври 2019 година во Белград, Република Србија. Делегацијата ја сочинуваат: Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија и шеф на Делегацијата, Диме Велковски, Јован Митрески, Димитар Стевананџија, Агим Шаќири и Јулиана Николова, членови на Делегацијата и Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието на Република Северна Македонија.

повеќе...

 

Четврток, 10 октомври 2019 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГОДИШНАТА СЕСИЈА НА ПС НА НАТО ВО ЛОНДОН

Во рамките на редовните заседанија на ПС на НАТО, на Годишната сесија што ќе се одржи од 11 до 14 октомври 2019 г. во Лондон, Обединетото Кралство, ќе учествува Делегација на Собранието на Република Северна Македонија предводена од пратеникот Илија Димовски, шеф на Делегацијата и заменик-членот на Делегацијата Африм Гаши.

повеќе...

 

Среда, 16 октомври 2019 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ АЉИМИ СО ЏУЛИЕН ВАСАЛО 

На средбата се разговараше за политичката состојба во земјата, владеењето на правото, ветингот но и ситуацијата во која се наоѓа нашата држава во пресрет на добивањето на датум за започнување на преговорите со Европската Унија. 

повеќе...

 

Вторник, 23 јули 2019 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ РАМЧИЛОВИЌ СО ИРФАН ЧЕНГИЌ, ПРАТЕНИК ОД БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Во рамки на денешната средба стана збор за почитувањето и унапредувањето на основните човекови права, како и за продлабочување и интензивирање на соработката помеѓу Парламентите на двете држави. Исто така, беа разменети мислења и беше констатирано дека е потребно да се подобри положбата на Бошњаците во Република  Северна Македонија, во делот на образованието и културата, како и изнаоѓање на начини за поголема нивна поддршка во литаратурата преку директна помош во книги.

повеќе...

 

Петок, 29 март 2019 година                                                                 

ГРУБИ - ДУЦИНАС: ЗАСЛУЖУВАМЕ ДАТУМ ВО ЈУНИ 

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Артан Груби, имаше средба со  Костас Дузинас, професор по право и филозофија и директор на Биркбек институтот за хуманизам на Лондонскиот универзитет.

повеќе...

 

Среда, 17 јули 2019 година

УРСУЛА ФОН ДЕР ЛЕЈЕН – НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

Европскиот парламент ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, што е прва жена на оваа позиција.

повеќе...

 

Понеделник, 1 јули 2019 година

ДВА МАКЕДОНСКИ ФИЛМА ВО КОНКУРЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКАТА НАГРАДА „ЛУКС“

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар-Митевска и „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, се дел од номинираните филмови за наградата „Лукс“ на Европскиот парламент.

повеќе...

 

Понеделник, 1 јули 2019 година

ФИНСКА – НОВ ПРЕТСЕДАВАЧ СО СОВЕТОТ НА ЕУ

Од денеска Финска го презема шестмесечното ротирачко претседавање со Советот на Европската Унија, под мотото: „Одржлива Европа - одржлива иднина".

повеќе...