Понеделник, 14 октомври 2019 година, Белград

„АКТУЕЛИЗИРАЊЕ НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА И ЦИРКУЛАРНАТА ЕКОНОМИЈА ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ЦОР, ОДГОВОРНА ПОТРОШУВАЧКА И ПРОИЗВОДСТВО“

Во рамките на 141. Собрание, денеска седници одржаа постојаните комисии за одржлив развој, финансии и трговија (Втора комисија) и за демократија и човекови права (Трета комисија). Пратеникот Диме Велковски учествуваше во расправата на Втората комисија, на тема: „Актуелизирање на дигитализацијата и циркуларната економија за постигнување на ЦОР, одговорна потрошувачка и производство“. 

повеќе...

 

Понеделник, 14 октомври 2019 година

ПРАТЕНИЦИТЕ ДИМОВСКИ И ГАШИ НА 65. ГОДИШНА СЕСИЈА НА ПС НА НАТО ВО ЛОНДОН

За време на сесијата, Шефот на Делегацијата Илија Димовски оствари поединечни средби со шефови и членови на исландската, италијанската, холандската, француската и американската делегација, при што беа разменети корисни информации околу актуелностите сврзани со нашето пристапување во НАТО. Беа добиени информaции дека исландскиот парламент ќе го ратификува Пристапниот протокол следниот понеделник, италијанскиот и холандскиот парламент ќе го ратификуваат на почетокот на ноември, а американскиот Конгрес и францускиот парламент веќе ја финализираат целата процедура.

повеќе...

 

Понеделник, 14 октомври 2019 година, Белград

ФОРУМ НА ЖЕНИ ПАРЛАМЕНТАРКИ – „ОБЕЗБЕДУВАЊЕ УНИВЕРЗАЛНОТО ЗДРАВСТВЕНО ПОКРИВАЊЕ ДА ОДГОВАРА НА ПОТРЕБИТЕ НА ЖЕНИТЕ И ДЕВОЈЧИЊАТА“

Во рамките на 141. Собрание на ИПУ, вчера се одржа седница на „Форумот на жени парламентарки“, на која, меѓу другото, се одржа и дебата на тема: „Обезбедување универзалното здравствено покривање да одговара на потребите на жените и девојчињата“, која имаше за цел споделување на искуства за добрите практики, стратегии, политики, законодавство и мерки на овој план.

повеќе...

 

Четврток, 10 октомври 2019 година

ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДРЖАВНИОТ ПРАЗНИК 11 ОКТОМВРИ

По повод државниот празник 11 Октомври - Денот на народното востание, на 11 октомври 2019 година (петок), собраниски делегации ќе положат свежо цвеќе во Прилеп, Скопје и Куманово, и тоа:

повеќе...

 

Понеделник, 7 октомври 2019 година

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „11 ОКТОМВРИ“

На 11 октомври 2019 година (петок), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели државната награда „11 Октомври“ за 2019 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија.

повеќе...

 

Четврток, 10 октомври 2019 година

ДЕЛЕГАЦИЈА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ИНТЕРПАРЛАМЕНТАРНАТА УНИЈА

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија ќе учествува на 141. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што ќе се одржи од 13 до 17 октомври 2019 година во Белград, Република Србија. Делегацијата ја сочинуваат: Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија и шеф на Делегацијата, Диме Велковски, Јован Митрески, Димитар Стевананџија, Агим Шаќири и Јулиана Николова, членови на Делегацијата и Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието на Република Северна Македонија.

повеќе...

 

Четврток, 10 октомври 2019 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГОДИШНАТА СЕСИЈА НА ПС НА НАТО ВО ЛОНДОН

Во рамките на редовните заседанија на ПС на НАТО, на Годишната сесија што ќе се одржи од 11 до 14 октомври 2019 г. во Лондон, Обединетото Кралство, ќе учествува Делегација на Собранието на Република Северна Македонија предводена од пратеникот Илија Димовски, шеф на Делегацијата и заменик-членот на Делегацијата Африм Гаши.

повеќе...

 

Вторник, 23 јули 2019 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ РАМЧИЛОВИЌ СО ИРФАН ЧЕНГИЌ, ПРАТЕНИК ОД БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Во рамки на денешната средба стана збор за почитувањето и унапредувањето на основните човекови права, како и за продлабочување и интензивирање на соработката помеѓу Парламентите на двете држави. Исто така, беа разменети мислења и беше констатирано дека е потребно да се подобри положбата на Бошњаците во Република  Северна Македонија, во делот на образованието и културата, како и изнаоѓање на начини за поголема нивна поддршка во литаратурата преку директна помош во книги.

повеќе...

 

Петок, 29 март 2019 година                                                                 

ГРУБИ - ДУЦИНАС: ЗАСЛУЖУВАМЕ ДАТУМ ВО ЈУНИ 

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Артан Груби, имаше средба со  Костас Дузинас, професор по право и филозофија и директор на Биркбек институтот за хуманизам на Лондонскиот универзитет.

повеќе...

 

Четврток, 21 март 2019 година

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА СО НАДВОРЕШНИТЕ СОРАБОТНИЦИ НА ПРАТЕНИЧКИТЕ ГРУПИ ВО СОБРАНИЕТО

Во организација на Парламентарниот институт при Собранието на Република Северна Македонија, а подржано од Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија и Националниот демократски институт (НДИ) за Република Северна Македонија, во Кавадарци се спроведе Работилница за надворешните соработници на пратеничките групи на тема: „Зајакнување на административните капацитети во насока на јакнење на законодавната функција на Собранието: постапка за донесување закони, номотехнички правила на изработка на прописи, постапка за донесување буџет и усогласување на домашното со ЕУ законодавството“.

повеќе...

 

Среда, 17 јули 2019 година

УРСУЛА ФОН ДЕР ЛЕЈЕН – НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

Европскиот парламент ја избра германската демохристијанка Урсула фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, што е прва жена на оваа позиција.

повеќе...

 

Понеделник, 1 јули 2019 година

ДВА МАКЕДОНСКИ ФИЛМА ВО КОНКУРЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКАТА НАГРАДА „ЛУКС“

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар-Митевска и „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, се дел од номинираните филмови за наградата „Лукс“ на Европскиот парламент.

повеќе...

 

Понеделник, 1 јули 2019 година

ФИНСКА – НОВ ПРЕТСЕДАВАЧ СО СОВЕТОТ НА ЕУ

Од денеска Финска го презема шестмесечното ротирачко претседавање со Советот на Европската Унија, под мотото: „Одржлива Европа - одржлива иднина".

повеќе...