Петок,  15 јануари 2021

ОНЛАЈН ПРЕЗЕНТИРАНИ НАОДИТЕ ОД АНАЛИЗАТА НА ДЕЛОВНИКОТ И ЗАКОНОТ ЗА СОБРАНИЕ ОД АСПЕКТ НА РОДОТ И РАЗЛИЧНОСТИТЕ

Оваа активност е дел од  Планот за унапредување на родовата сензитивност на Собранието 2020-2021, а наодите и препораките ќе му послужат на законодавниот дом за надградување на овие два документи со родово-сензитивни одредби.

повеќе...

 

Петок, 15 јануари 2021

ОНЛАЈН СОСТАНОК НА ПРАТЕНИЧКАТА МОНИКА ЗАЈКОВА СО ЛИТВАНСКАТА ПРАТЕНИЧКА ЛАИМА ЛУЦИЈА АНДРИКИЕНЕ

Пратеничката Моника Зајкова, претседателка на Пратеничката група за соработка со Балтичките земји, одржа онлајн состанок со Лаима Луција Андрикиене, претседателка на Интерпарламентарната група за соработка со земјите од Западен Балкан на Литванскиот парламент.

повеќе...

 

Петок, 15 јануари 2021

ЕДИНАЕСЕТТА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА ОДБРАНА И БЕЗБЕДНОСТ

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието, на денешната 11. седница, како матично работно тело ги разгледа:

повеќе...

 

Петок, 15 јануари 2021 година

ОРИЕНТАЦИОНЕН СЕМИНАР ЗА НОВОИЗБРАНИ ПРАТЕНИЦИ НА ПС НА НАТО

Во организација на Парламентарното собрание на НАТО и НАТО, на 14 јануари 2021 г. преку платформата KUDO, се одржа ориентационен семинар за новозибрани пратеници, кој од 2000 година наваму редовно се одржува во Брисел. На онлајн настанот учествуваа пратениците Павле Трајанов и Арбана Пашоли, членови на Комисијата за одбрана и безбедност, a од страна на Службата, настанот го следеше Секретаријатот на Делегацијата на Собранието во ПС на НАТО.

повеќе...

 

Четврток, 14 јануари 2021

ОНЛАЈН ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА KОМИСИЈАТА ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ НА ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието, заедно со Клубот на пратенички, а во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 15 јануари 2021 година  (петок), во 11:00 часот, ќе одржи онлајн презентација на наодите од анализата на Деловникот и Законот за собрание од аспект на родот и различностите изработена од експерти на ОДИХР.

повеќе...

 

Вторник, 15 декември 2020

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ И СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието, во рамките на Втората седница, денеска во 11:00 часот, во Сала „Борис Трајковски“, ќе одржи Јавна расправа на тема: Предлог-закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство.

Јавната расправа се организира на иницијатива на Здружението за родова еднаквост ЕДНА МОЖЕ!

повеќе...

 

Петок, 6 декември 2020

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЕЦ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод празникот 8 Декември - „Св. Климент Охридски“, делегација на Собранието, во состав: Горан Мисовски, Марија Георгиевска и Велика Стојкова-Серафимовска, на 8 декември 2020 година (вторник), во 11:00 часот, ќе положи венец свежо цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“.

повеќе...

 

Петок, 15 јануари 2021 година

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА ХРВАТСКА 

Николоски информираше за конституирањето на Националниот совет за евроинтеграции, за надлежностите и составот на телото, неговата улога во процесот на пристапните преговори, како и за принципот на донесување на одлуки со консензус. Претседателот на Советот изрази задоволство од континуираните добри односи со Хрватска, која како земја членка на ЕУ и близок пријател на Македонија, дава поддршка и придонесува за позитивна афирмација на државата на нејзиниот евроинтегративен пат. 

повеќе...

 

Петок, 15 јануари 2021 

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА СЛОВЕНИЈА

Николоски го запозна амбасадорот со надлежностите и составот на Националниот совет за евроинтеграции, со улогата која ја има Советот во процесот на пристапување кон ЕУ, консензуалното одлучување во телото, како и со активностите на Советот во периодот кој следи. Претседателот на Советот изрази оптимизам за плодна соработка во иднина и пренесување на искуствата кои Словенија ги има во процесот на пристапни преговори.

повеќе...

 

Четврток, 14 јануари 2021 година

СРЕДБА НА НИКОЛОСКИ СО АМБАСАДОРОТ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ

На средбата Николоски информираше за составот на Националниот совет за евроинтеграции, надлежностите кои Советот ги има согласно одлуката за неговото формирање, инклузивниот карактер на телото кое обединува политички и општествени чинители, како и за идејата Советот да гради и одржува консензус за членство во ЕУ. 

повеќе...

 

Петок, 27 март 2020 година

НАШАТА ЗЕМЈА 30-ТА ЧЛЕНКА НА НАТО

Денеска нашата земја стана 30-та членка на НАТО, откако го депонираше својот инструмент за пристапување кон Северноатлантскиот договор пред Министерството за надворешни работи на САД во Вашингтон.

повеќе...

 

Среда, 5 февруари 2020

УСВОЕНА НОВАТА МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ

Европската комисија ја усвои новата Методологија за проширување на Европската Унија, што е всушност предлози за зајакнување на процесот на пристапување во ЕУ.  Таа ќе биде формализирана во рамките на преговорите со нашата земја и Албанија.

повеќе...

 

Понеделник, 6 јануари 2020

РИЕКА И ГОЛВЕЈ - ЕВРОПСКИ ПРЕСТОЛНИНИ НА КУЛТУРАТА

Хрватскиот град Риека и ирскиот Голвеј се избрани за европски градови на културата за 2020 година.

повеќе...