Петок, 22 февруари 2019 година

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ЕКОНОМСКИТЕ И ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРИДОБИВКИ ОД ЛЕГАЛИЗАЦИЈА НА КАНАБИСОТ

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Северна Македонија одржа јавна расправа на тема: „Економските и здравствените придобивки од легализација на канабисот во Република Македонија“. Притоа беа истакнати разни мислења за економските и здравствените придобивки од канабисот, неговата употреба во земјоделството и индустријата, потребата од соодветни законски измени за подобро регулирање на оваа материја, препораки и соодветно образование на потребни кадри. 

повеќе...

 

Петок, 22 февруари 2019 година, Виена

УЛОГАТА НА ОБСЕ ОД КРУЦИЈАЛНО ЗНАЧЕЊЕ ВО ВОНРЕДНА ИЛИ ВОЕНА СОСТОЈБА

Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС на ОБСЕ), ја одржа својата редовна Зимска сесија на 21 и 22 февруари 2019 година во Виена, Австрија, на која учествуваа над 250 парламентарци од 53 земји учеснички и четири земји партнери на ОБСЕ. На оваа сесија од Собранието на Република Македонија учествуваа Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата, Јагода Шахпаска и Реџаиљ Исмаили, членови на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на ОБСЕ.

повеќе...

 

Четврток, 21 февруари 2019 година

ДО ВИСТИНСКИ ОДЛУКИ ПРЕКУ ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА СОБРАНИЕТО

Во Парламентарниот институт на Собранието на Република Северна Македонија се одржа Тркалезна маса за зајакнување на проценката и мониторингот на капацитетите - претставување на мониторинг алатката. Генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова, како модератор на Тркалезната маса, во поздравното обраќање упати благодарност до Холандската амбасада и до Кралството Холандија за континуираната поддршка.

повеќе...

 

Петок, 22 февруари 2019 година

УЧЕСТВО НА ПРАТЕНИКОТ ФАДИЛ ЗЕНДЕЛИ НА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА СОЦИЈАЛЕН РАЗВОЈ, ОБРАЗОВАНИЕ, ИСТРАЖУВАЊЕ И НАУКА НА ПС НА ПСЈИЕ ВО ЦРНА ГОРА

Пратеникот Фадил Зендели, член на Делегацијата на Собранието на Северна Република Македонија во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), ќе учествува на Седницата на Комисијата за социјален развој, образование, истражување и наука на ПС на ПСЈИЕ, што ќе се одржи на 22 и 23 февруари 2019 година во Подгорица, Црна Гора.

повеќе...

 

Среда, 20 февруари 2019 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЗИМСКАТА СЕСИЈА НА ПС ОБСЕ

Од 21 до 22 февруари 2019 година во Виена, Австрија, ќе се одржи Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, на која ќе учествуваат пратениците: Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата; Јагода Шахпаска и Реџаиљ Исмаили, членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

повеќе...

 

Вторник, 19 февруари 2019 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА СОСТАНОК ПОСВЕТЕН НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ ВО БРИСЕЛ

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Агим Шаќири, заменик-претседател и г. Хари Локвенец, член на Комисијата за економски прашања денеска ќе учествува на состанок посветен на енергетската ефикасност во организација на Енергетската заедница и на Парламентарен форум за Југоисточна Европа за Енергетска ефикасност и клима во организација на Германското здружение за соработка кои се одржуваат во Брисел, Кралството Белгија. 

повеќе...

 

Четврток, 21 февруари 2019 година 

ГРУБИ - ТИМОНИЕ: НА ЗЕМЈАТА И Е ПОТРЕБЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СИТЕ

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Артан Груби,  имаше средба со амбасадорот на Република Франција во Северна Македонија г. Кристијан Тимоние.

повеќе...

 

Четврток, 21 февруари 2019 година 

ГРУБИ - АНГЕЛОВ: БРИСЕЛ ГО НАЈДОВМЕ ВО СОФИЈА

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Артан Груби, денеска имаше средба со амбасадорот на  Република Бугарија  во  Република Северна Македонија г. Ангел Ангелов.

повеќе...

 

Понеделник, 28 јануари 2019 година

ГРУБИ- ТИЦИЊСКИ – УСПЕШНО СРАБОТЕНИ ЕУ ЗАДАЧИ ВО СОБРАНИЕТО   

На средбата Груби го потенцира значењето на заокружувањето на решението на прашањето за името со Република Грција, по објавувањето на ратификуваниот договор во службениот весник на земјата. Исто така, информира и за сработените задачите, кои Собранието ги направи неодамна, како што е донесениот закон за борба со корупцијата и судирот на интереси, реформите во безбедносниот сектор и законите од областа на правосудството, кои го поминаа првото читање и се во собраниска процедура.

повеќе...

 

Среда, 6 февруари 2019 година

ПОТПИШАН ПРОТОКОЛОТ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ ВО НАТО

Во седиштето на НАТО во Брисел, денеска, беше потпишан Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во Алијансата. Протоколот го потпишаа постојаните претставници на 29-те членки на НАТО и министерот за надворешни работи на нашата земја, Никола Димитров.

повеќе...

 

Петок, 11 јануари 2019 година

РОМАНИЈА НОВ ПРЕТСЕДАВАЧ СО СОВЕТОТ НА ЕУ 

Со почетокот на 2019 година, Романија стана новиот претседавач со Советот на Европската Унија, за прв пат откако стана дел од европското семејство во 2007 година. 

повеќе...

 

Вторник, 8 јануари 2019 година

ПЛОВДИВ И МАТЕРА - ЕВРОПСКИ ПРЕСТОЛНИНИ НА КУЛТУРАТА 

Бугарскиот град Пловдив и италијанскиот Матера ја добија титулата европски престолнини на културата за 2019 година.

повеќе...