Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Понеделник, 19 ноември 2012 година

ЈАВНА РАСПРАВА ПО ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АЗИЛ И ПРИВРЕМЕНА ЗАШТИТА

Националниот совет за евроинтеграции денеска одржа јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за азил и привремена заштита, чие донесување е предвидено со Националната програма за усвојување на правото на Европската унија-ревизија 2012 година.



Понеделник, 5 ноември 2012 година

ЈАВНА РАСПРАВА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Националниот совет за евроинтеграции во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт-Канцеларија Македонија и Институтот за европска политика денеска организираа jавна расправа на тема: „Искористеноста на средствата од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) во Република Македонија"

Среда, 12 септември 2012 година

ЈАВНА РАСПРАВА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ПО ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПОЛИЦИЈА

Националниот совет за евроинтеграции денеска одржа јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за полиција. Донесувањето на законот за изменување и дополнување на Законот за полиција е предвидено со Националната програма за усвојување на правото на Европската унија-ревизија 2012 година

Среда, 27 јуни 2012 година

Јавна расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи

Донесувањето на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи е предвидено со Националната програма за усвојување на правото на Европската унија-ревизија 2012 година. Законот, исто така, е дел од Анексот 2 на Мислењето за усвојување на правото на Европската унија во текот на 2012 година, што Националниот совет за евроинтеграции со консензус го усвои на седницата одржана на 8 февруари 2012 година.

Четврток, 7 јуни 2012 година

ЈАВНА РАСПРАВА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Националниот совет за евроинтеграции денеска одржа јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите

Вторник, 13 март 2012 година

ЈАВНА РАСПРАВА ПО РАБОТНАТА ВЕРЗИЈА НА ПРЕДЛОГ-ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Националниот совет за евроинтеграции денеска одржа јавна расправа по работната верзија на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина. Овој закон е еден од 10-те закони од Анексот 2 усвоен од Националниот совет за евроинтеграции и составен дел на Мислењето за усвојување на правото на Европската унија во текот на 2012 година, кое Советот со консензус го усвои на седницата одржана на 8 февруари годинава.

Понеделник, 27 февруари 2012 година

ЈАВНА РАСПРАВА ПО ПРЕДЛОГ- СТАТЕГИЈАТА ЗА СОРАБОТКА НА ВЛАДАТА СО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР (2012-2017)

Националниот совет за евроинтеграции во соработка со Граѓанската платформа на Македонија организираше јавна расправа по Предлог-стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор за периодот 2012-2017 година.

Веб-страницата на Собранието користи колачиња (cookies).

Колачињата се користат за подобрување на Вашето корисничко искуство.