Четврток, 5 декември 2019

СИЛНА ПОСВЕТЕНОСТ КОН ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНОСТА ВО НОВИНАРСТВОТО

Пратеничката Шпреса Хадри, во својство на член на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, учествува на состанокот на Комисијата за култура, наука, образование и медиуми, кој на 5 и 6 декември 2019 година се одржува во Париз.

повеќе...

 

Петок, 6 декември 2019 година

ЧЕТИРИЕСЕТТА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА

Комисијата за економски прашања на вчерашната 40. седница, како матично работно тело, ги разгледа: 

• Предлог-финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија за 2020 година; 
• Предлог-одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија за 2020 година.

повеќе...

 

Четврток, 5 декември 2019

КОМИСИЈАТА ЗА КУЛТУРА ЈА УСВОИ ПРЕДЛОГ-ПРОГРАМАТА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ ЈУБИЛЕЈНИ ГОДИШНИНИ ЗА 2020 ГОДИНА

Комисијата за култура на денешната 25. седница ја усвои Предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2020 година.

Предлог-програмата е составена од 63 јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности кои го изразуваат мултиетничкиот карактер на државата, се вградени во историскиот развој на земјата и со своето дело ги афирмирале начелата на хуманизмот и општоцивилизациските вредности.

повеќе...

 

Вторник, 10 декември 2019 година

РАБОТНА ПОСЕТА НА СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО МОЛДАВИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, во состав: Агим Шаќири, заменик-претседател и Зоран Илиоски, заменик-член на Комисијата за економски прашања, ќе учествуваат на состаноци посветени на енергетската ефикасност, во организација на Енергетската заедница и на Парламентарниот форум за Југоисточна Европа за енергетска ефикасност и клима, како и на Германското здружение за соработка, кои ќе се одржат во Кишињев, Република Молдавија, на 11 и 12 декември 2019 година.

повеќе...

 

Петок, 6 декември 2019 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ТРАНСАТЛАНТСКИ ПАРЛАМЕНТАРЕН ФОРУМ ВО ВАШИНГТОН

Во рамките на редовните заседанија на Парламентарното Собрание на НАТО, на годишниот 19.Трансатлантски парламентарен форум, што во заедничка организација на ПС на НАТО и Атлантскиот совет ќе се одржи од 9 до 11 декември 2019 година во Вашингтон, САД, ќе учествува Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија предводена од пратеникот Илија Димовски, шеф на Делегацијата и заменик-членот на Делегацијата, Африм Гаши. 

повеќе...

 

Петок, 6 декември 2019 година

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

На 8 декември 2019 година (недела), во Кристалната сала на Собранието, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2019 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, ументоста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.

повеќе...

 

Четврток, 5 декември 2019 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ ЛОКВЕНЕЦ СО СТУДЕНТИ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ “АМЕРИКАН КОЛЕЏ СКОПЈЕ”

Пратеникот Хари Локвенец, претседател на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија, денеска оствари средба со студенти од факултетите за правни и политички науки при Универзитетот “Американ колеџ Скопје”, кои беа во еднодневна посета на Собранието. 

повеќе...

 

Четврток, 7 ноември 2019 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИЧКАТА КУЗМАНОВСКА СО ЦРНОГОРСКАТА АМБАСАДОРКА ПЕТРОВИЌ

Во текот на вчерашниот ден во Собранието се одржа средба на претседателката на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Црна Гора и Комисијата за финансирање и буџет, г-ѓа Лилјана Кузмановска и црногорската амбасадорка, г-ѓа Марија Петровиќ. На средбата беше потенцирана досегашната соработка на двете земји, како и заложбата истата дополнително да се продлабочи. 

повеќе...

 

Среда, 16 октомври 2019 година

СРЕДБА НА ПРАТЕНИКОТ АЉИМИ СО ЏУЛИЕН ВАСАЛО 

На средбата се разговараше за политичката состојба во земјата, владеењето на правото, ветингот но и ситуацијата во која се наоѓа нашата држава во пресрет на добивањето на датум за започнување на преговорите со Европската Унија. 

повеќе...

 

Четврток, 28 ноември 2019

ЕВРОПСКАТА НАГРАДА „ЛУКС“ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ „ГОСПОД ПОСТОИ, НЕЈЗИНОТО ИМЕ Е ПЕТРУНИЈА“

Македонскиот филм „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ на Теона Стругар-Митевска, ја освои 13. филмска награда „Лукс“ на Европскиот парламент. Наградата ја додели претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, за време на вчерашната свечена церемонија во европскиот законодавен дом во Стразбур.

повеќе...

 

Четврток, 7 ноември 2019 година

ИЛХАН КЈУЧЈУК - НОВ ИЗВЕСТУВАЧ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА ВО ЕВРОПАРЛАМЕНТОТ

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент одлучи нов известувач за Република Северна Македонија да биде Бугаринот Илхан Кјучјук, на местото на словенечкиот европратеник Иво Вајгл. Тоа значи дека во наредните пет години тој ќе ги подготвува извештаите за реформскиот напредок на нашата земја.

повеќе...

 

Вторник, 29 октомври 2019 година

НАГРАДАТА „САХАРОВ“ ЗА БОРЕЦ ЗА ПРАВАТА НА КИНЕСКОТО УЈГУРСКО МАЛЦИНСТВО

Илхам Тохти од Ујгур, кој се бори за правата на кинеското ујгурско малцинство, е добитник на наградата „Сахаров“ за 2019 година, којашто ја доделува Европскиот парламент за слобода на мислата. Тохти е поборник за дијалог и застапник за спроведување на регионалните закони за автономија во Кина. Од 2014 година е осуден на доживотен затвор поради сепаратизам. 

повеќе...