Петок, 22 март 2019 година 

КОМИСИЈАТА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА УЧЕСТУВАШЕ НА ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ЕУ ДИРЕКТИВИТЕ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ

Работната група за животна средина ја одржа првата средба под наслов: „Тркалезна маса за имплементирање на ЕУ директивите за квалитетот на воздухот“, во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ со канцеларија во Скопје, а во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија.

повеќе...

 

Четврток, 21 март 2019 година

ГРУБИ: ИСПОРАЧАВМЕ ПОВЕЌЕ ОД КОЈ БИЛО, РЕД Е НА БРИСЕЛ

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, во врска со денешната промоција за поддршката на Комисијата, преку Компонентата за зајакнување на капацитетот за ЕУ интеграција, во рамките на проектот Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија, финансиран од Кралството Норвешка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој, истакна дека  таа е во насока на подобрување на нејзиниот институционален  и административен капацитет.

повеќе...

 

Четврток, 21 март 2019 година

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА КОСОВО ВО ПОСЕТА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Делегација од Собранието на Република Косово, предводена од претседателот на Комисијата за јавна администрација и локална самоуправа, Наид Хасани, оствари средба со потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Весел Мемеди, претседателката на Законодавно-правната комисија, Соња Мираковска и претседателот на Комисијата за локална самоуправа, Џевад Адеми.

повеќе...

 

Четврток, 21 март 2019 година

КООРДИНАТИВНА СРЕДБА НА КОМИСИЈАТА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ЦЕНТАРОТ ЗА ЕКОЛОШКА ДЕМОКРАТИЈА ФЛОРОЗОН

На 26 март 2019 година, во 11 часот, во Сала 5 на Собранието на Република Северна Македонија, ќе се одржи координативна средба на Комисијата за транспорт, врски и екологија со проектниот тим од Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН: Кирил Ристовски (претседател), Билјана Матевска (проектен раководител) и Ангела Димеска (преоектен службеник).

повеќе...

 

Четврток, 21 март 2019 година

ПРАТЕНИКОТ ФЕРИД МУХИЌ НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО СОБРАНИЕ НА ФРАНКОФОНИЈАТА - РЕГИОН ЕВРОПА 

На 21 март 2019 година (денеска), во Брисел, Кралството Белгија, ќе се одржи Конференција на Парламентарното собрание на Франкофонијата - Регион Европа (ПСФ - Регион Европа), на која ќе учествува Ферид Мухиќ, пратеник и потпретседател на Секцијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ).

повеќе...

 

Вторник, 19 март 2019 година

УЧЕСТВО НА КОМИСИЈАТА ЗА ТРАНСПОРТ, ВРСКИ И ЕКОЛОГИЈА НА СРЕДБА НА РАБОТНА ГРУПА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА 

На 20 март 2019 година, со почеток во 10 часот, во „Парк хотел и спа“ во Скопје, ќе се одржи првата средба на работна група за животна средина со наслов: „Тркалезна маса за имплементирање на ЕУ директивите за квалитетот на воздухот“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт со канцеларија во Скопје, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија.

повеќе...

 

Четврток, 21 март 2019 година

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА СО НАДВОРЕШНИТЕ СОРАБОТНИЦИ НА ПРАТЕНИЧКИТЕ ГРУПИ ВО СОБРАНИЕТО

Во организација на Парламентарниот институт при Собранието на Република Северна Македонија, а подржано од Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија и Националниот демократски институт (НДИ) за Република Северна Македонија, во Кавадарци се спроведе Работилница за надворешните соработници на пратеничките групи на тема: „Зајакнување на административните капацитети во насока на јакнење на законодавната функција на Собранието: постапка за донесување закони, номотехнички правила на изработка на прописи, постапка за донесување буџет и усогласување на домашното со ЕУ законодавството“.

повеќе...

 

Среда, 13 март 2019 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА ГАЛОВЕЈ

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Диме Велковски, Шпреса Хадри, Владимир Ѓорчев, Африм Гаши и Сурија Рашиди, кои од 3 до 7 март 2019 година беа во официјална посета на Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, денеска, остварија работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, на нејзина покана.

повеќе...

 

Четврток, 28 февруари 2019 година

ДОБРИ БИЛАТЕРАЛНИ ОДНОСИ СЕ ГРАДАТ ПРЕКУ СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ДВАТА ПАРЛАМЕНТИ

Претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Северна Македонија, Хари Локвенец и заменик – претседателот, Илија Николовски вчера остварија работна средба со военото аташе на Романија, Валентин Стримбесцх

повеќе...

 

Петок, 8 март 2019 година

РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ ПРИОРИТЕТ ЗА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, Европската комисија се осврна на женските права во Европа и во странство. 

повеќе...

 

Среда, 6 февруари 2019 година

ПОТПИШАН ПРОТОКОЛОТ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ ВО НАТО

Во седиштето на НАТО во Брисел, денеска, беше потпишан Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во Алијансата. Протоколот го потпишаа постојаните претставници на 29-те членки на НАТО и министерот за надворешни работи на нашата земја, Никола Димитров.

повеќе...

 

Петок, 11 јануари 2019 година

РОМАНИЈА НОВ ПРЕТСЕДАВАЧ СО СОВЕТОТ НА ЕУ 

Со почетокот на 2019 година, Романија стана новиот претседавач со Советот на Европската Унија, за прв пат откако стана дел од европското семејство во 2007 година. 

повеќе...