Делегации

Делегација на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Франкофонијата (ПСФ)


Парламентарното собрание на Франкофонијата е претставничко собрание на Меѓународната организација на Франкофонијата (OIF) и нејзино консултативно собрание. Во него членуваат 81 парламент, парламентарни собранија или совети на држави, покраини, региони и меѓународни организации.

Парламентарното собрание на Франкофонијата е место на дебати, предлози и размена на информации за сите прашања од заеднички интерес за членките. Ова собрание одржува редовни врски со Конференцијата на шефови на држави и влади на земјите кои го споделуваат францускиот јазик (Самит на Франкофонијата), подготвува мислења и препораки кои имаат консултативна природа, иницира и презема активности во врска со слободата и политичките права, меѓупарламентарната соработка и развој, како и солидарноста меѓу парламентарните институции. Парламентарното собрание на Франкофонијата, исто така, ја промовира демократијата и правната држава, економската соработка, развојот на образованието и комуникациите во франкофонските простори.

Собранието на Република Македонија беше примено за асоцијативна членка на ПСФ во јули 2000 година, а во јануари 2001 година беа основани Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата, Бирото и Делегацијата на Секцијата. Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПСФ учествува во активностите на Парламентарното собрание на Франкофонијата, како што се: редовни годишни сесии, годишни сесии на Регионот Европа, седници на комисии, конференции на претседатели на секции на Регионот Европа, седници на Мрежата на жени парламентарки, седници на Парламентарната мрежа за борба против ХИВ/СИДА, туберколоза и маларија, сесии на Парламентот на млади франкофони, семинари, студиски посети и мисии за набљудување на избори.  

 

Шеф на делегацијата: Џеват Адеми
Членови: Силвана Бонева
Мерал Узеири-Ферати
Кенан Хасипи
Click