НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ 

е-пошта: nsei@sobranie.mk

ОдлукиСеднициЈавни расправи, Средби, Документи НСЕИ,  Документи РМ-ЕУЗа Европската Унија,  ЕУ новостиЕУ билтенЛинкови

Следејќи ја стратешката определба на Република Македонија, членство во Европската унија, за која граѓаните ја изразуваат својата целосна поддршка и особено имајќи ги предвид критериумите кои треба да се задоволат како и обврските кои надлежните институции и сите општествени субјекти ги превземаат, Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 19 ноември 2007 година ја донесе Одлуката за основање на Националниот совет за евроинтеграции („Службен весник на Република Македонија“ бр.140/2007).

На седницата одржана на 6 јули 2011 година, Собранието донесе Одлука за изменување на Одлуката за основање Национален совет за евроинтеграции ("Службен весник на Република Македонија" бр.91/2011).

Советот има претседател, потпретседател, 15 члена и девет заменици членови, и тоа: девет члена од редот на пратениците во Собранието, кои имаат свои заменици и шест члена од други институции: заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, претставник од Кабинетот на претседателот на РМ, претставник од Кабинетот на претседателот на Владата на РМ, претставник од Македонската академија на науките и уметностите, од Заедницата на единиците на локалната самоуправа и од Здружението на новинарите. Овие шест членови учествуваат во работата на Советот без право на одлучување.

Претседателот на Советот се именува од редот на пратениците кои се во опозиција, а потпретседателот од редот на пратениците кои се во позиција.

Членови и заменици членови на Советот од редот на пратениците се:  три члена и три заменици членови од редот на пратениците кои се во позиција, три члена и три заменици членови од редот на пратениците кои се во опозиција.

Членови по функција се: претседателот на Комисијата за европски прашања, претседателот на Комисијата на надворешна политика и копретседателот на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија, а заменици членови по функција се: заменик претседателот на Комисијата за европски прашања, заменик претседателот на Комисијата на надворешна политика и еден од потпретседателите на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија
Начинот на работа, правата и обврските на претседателот, потпретседателот и членовите на Советот, јавноста во работата и вршењето на стручните, административните и другите работи за потребите на Советот се уредени со Деловникот на Националниот совет  донесен на 25.10.2011 година.

Советот одлучува со консензус на присутните членови што имаат право на одлучување, од редот на пратениците.

Седниците на Советот се отворени за јавноста. Советот може да одлучи да работи без присуство на јавноста ако тоа го предложат претседателот на Советот или најмалку една третина од вкупниот број на членови на Советот. По предлогот, Советот одлучува со консензус на присутните членови на Советот.

Претседател:  НИКОЛА ПОПОСКИ 
Потпретседател:  ИВАНА ТУФЕГЏИЌ
Членови:  1) ТАЊА КОВАЧЕВ
2) ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ
3) ШПРЕСА ХАДРИ 
4) ИЛИЈА ДИМОВСКИ
5) ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ
6) АФРИМ ГАШИ
7) АРТАН ГРУБИ
8) АНТОНИЈО МИЛОШОСКИ
9)  СОЊА МИРАКОВСКА, копретседател на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-РМ
10) Бујар Османи, заменик-претседател на Владата на РМ задолжен за европски прашања
11) Александар Спасов, доцент д-р од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Скопје, претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија
12) Бојан Маричиќ, советник за ЕУ интеграции и итни реформски приоритети, претставник од Кабинетот на претседателот на Владата на РМ
13) Академик Луан Старова, потпретседател на МАНУ и член на Советот за евроинтеграции на МАНУ, претставник од Македонската академија на науки и уметности
14) Златко Марин, градоначалник на општина Аеродром, претставник од Заедницата на единици на локална самоуправа
15) Младен Чадиковски, претставник на Здружението на новинари на Македонија
Заменик-членови:  1) МАЈА МОРАЧАНИН
2) БЛАГОЈЧЕ ТРПЕВСКИ
3) СУРИЈА РАШИДИ
4) ВЛАДИМИР ЃОРЧЕВ
5) ЕЛИЗАБЕТА КАНЧЕСКА-МИЛЕВСКА
6) ФАДИЛ ЗЕНДЕЛИ 
7) 
8) МАГДАЛЕНА МАНАСКОВА
9) потпретседател на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-РМ
Претставници:            АНТОНИ ПЕШЕВ, претседавач на Собранието на Стопанска комораСтопанска комора на Македонија                                                                                                 
   ДАНЕЛА АРСОВСКА - претседател на Сојузот на Стопански комори на МакедонијаСојуз на стопански комори на Македонија
   РИСТО АЈТОВ - претседател на Синдикат на одбраната и безбедностаСојуз на синдикатите на Македонија
   БЛАГОЈА РАЛПОВСКИ - претседател Конфедерација на слободни синдикати на Македонија 
   Унија на независни и автономни синдикати на Македонија
   САВКА ТОДОРОВСКА - Граѓанска платформа на Македонија
   презвитер БОБАН МИТЕВСКИ - Македонска православна црква
   ШИНАЗИ МЕМЕТИ, Исламска верска заедница
   ДРАГАН ГЕОРГИЕВСКИ, Католичка црква во Република Македонија
   ВИКТОРИЈА ЗАФИРОВ, Евангелско-Методистичка црква во Македонија
   Еврејска заедница во Република Македонија
Click