АБДУРАХМАН АЛИТИ

 

 

 

 

 

 

Член  и лидер на Партијата за демокртаски просперитет во Македонија, извесен период и потпретседател на Собранието. Роден 1945 година во село Желино, Тетово, Албанец. Завршил Правен факултет. Беше пратеник и во претходниот мандатенј период. Живее во Тетово.



МЕРСЕЛ БИљАЛИ

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата за демократски просперитет во Македонија. Роден 1956 година во село Чегране, Гостивар, Албанец. Има завршено Правен факултет. Живее во село Чегране, Гостивар.







АБДУЛАДИ ВЕЈСЕЛИ

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата за демократски просперитет во Македонија. Роден 1964 година во Тетово, Албанец. Завршил средно образование. Вработен е во приватното претпријатие ? Минас? во Тетово.Живее во Тетово.



ГАЗМЕНД АЈДАРАГА

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата за демократски просперитет во Македонија. Роден 1942 година во Дебар, Албанец. По професија е дипломиран инженер - агроном. Директор е на приватна фирма. Беше пратеник и во претходниот мандат. Живее во Дебар.



НАСЕР ЗИБЕРИ

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата за демократски просперитет во Македонија роден 1961 година во село Ласкарци, Скопје, Албанец. Завршил Правен факултет. Беше пратеник и во претходниот мандат. Живее во Скопје. Поради избор во Владата на Република Македонија-министер за труд и социјална политика, му престана пратеничкиот мандат.



Маљичи Назми

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата за демократски просперитет во Македонија. Роден 1957 година во село Станчиќ, Гњилане (СР Југославија), Албанец. Живее во Куманово.



ЏЕЛАДИН МУРАТИ

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата за Демократски просперитет во Македонија. Роден 1942 година во село Џепчиште, тетово, Албанец. завршил Филозофски факултет- група педагогија. Доктор е по педагошки науки. Потпретседател на Собранието на Република Македонија. Пратеник и потпретседател на Собранието беше и во претходниот мандатен период. Живее во Тетово.



Пруси Абдурауф


 

 

 

 

 

Член  на Партијата за демократски просперитет во Македонија. Роден 1944 година во Скопје, Албанец. Завршил Технолошки факултет. Работи како професор на технолошко-металургискиот факултет во Скопје. Живее во Скопје.




ИСМЕТ РАМАДАНИ

 

 

 

 

 

 

Член  на Партијата за демократски просперитет во Македонија. Роден 1954 во село Арачиново, Скопје, Албанец. Завршил Природно-математички факултет, група хемија. Беше пратеник во Собранието на Република Македонија и во претходниот мандат. Живее во село Арачиново, Скопје.



РИЗВАН СУЛЕЈМАНИ

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата за демократски просперитет во Македонија. Роден 1957 година во село Лубин, Скопје, Албанец. Завршил Eлектро факултет. Вработен е како трудов инспектор. Живее во Скопје.



МЕВЛАН ТАХИРИ

Член на Партијата за демократски просперитет во Македонија. Роден 1956 година во Скопје, Албанец. Завршил електротехнички факултет. Живее во Скопје.



СЕЈФЕДИН ХАРУНИ

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата за демократски просперитет во Македонија. Роден 1944 година во село Градец, Гостивар, Албанец. Завршил Филолошки факултет. Доктор по филолошки науки. Беше пратеник и во претходниот состав на Собранието на Република Македонија. Живее во Гостивар.

Click