Партија за демократски просперитет во Македонија и Народна демократска партија

1991-1994



 

 

Алити Абдурахман 

 

 

 

 

Роден е 1945 година во с.Желино, Тетово. Албанец. Завршил Правен факултет. Невработен. Живее во Тетово.



Алиу Хамид

 

 

 

 

 

 

Роден е во с. Шипковица, Тетово. Албанец. Завршил Економски факултет. Вработен како шеф на Сектор во Т.П. “Теком” во Тетово. Живее во Тетово.



Мурати Џеладин

 

 

 

 

 

Роден е 1942 година во с. Џепчиште, Тетово. Албанец. Завршил Филозофски факултет, група Педагогија. Доктор по педагошки науки. Избран за потпретседател на Собранието на СРМ.



Мухамет Халили

 

 

 

 

 

 

Роден е 1951 година во с. Џепчиште, Тетово. Албанец. Завршил Филолошки факултет. Работи како професор по француски јазик во Училишниот центар за образование “Кирил Пејчиновиќ” во Тетово. Живее во Тетово.



Џемаили Веби

 

 

 

 

 

 

Роден е 1952 година во с. Боговиње, Тетово. Албанец. Завршил Филозофски факултет.  Магистер по историски науки. Невработен. Живее вво с. Боговиње.

Click