ЏЕВАТ АДЕМИ
Член на ДУИ. Роден 8 декември 1962 година во Голема Речицa, Тетово. Албанец. Завршил високо образование - новинар. Беше заменик министер за локална самоуправа во Владата на РМ во 2004 година.
Активности во Собранието
- Комитет за односи меѓу заедниците, претседател
- Национален совет за евроинтеграции, член
- Комисија за одбрана и безбедност, заменик член
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
- Комисија за локална самоуправа, член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Собранието на Западноевропската унија, член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), заменик член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Франкофонијата, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член