Пратеници



 

                                             Митевски Драган
 
 


    
 
  
  


Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
     
  
   Делегат во Советот на општина Куманово. Член на Претседателството на Сојузот на синдикатите на Република Македонија. Бил член на Општинскиот комитет на СКМ и член на Општинскиот синдикален совет. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Албанија. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Грција.
     
  
   Роден 1949 година во с. Отошница, Крива Паланка, РМ. Македонец. Завршил Правен факултет. Работел како правен референт во Собранието на општина Куманово, потоа бил правен референт во Автотранспортното претпријатие "Југ-Турист" во Куманово. Бил секретар во Шумското стопанство во Куманово, по што е назначен за принуден управник на фабриката "Диер". Извесен период бил претседател на Општинскиот суд за прекршоци. Сега е директор на Трговското друштво "Миткомерц-94" во Куманово. Се служи со францускиот јазик. Бил пратеник на СДСМ во Собранието на РМ во двата претходни мандати од 1990 до 1994 и од 1994 до 1998 година. Живее во Куманово.
     
  
   

Click