Собрание на Република Северна Македонија



 

ЈАНИ МАКРАДУЛИ

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА






 

Контакт информации:
кат II, соба бр. 67
директен тел. 3136-802, локал 121

Лични податоци

Член  и потпретседател на СДСМ, роден е на 28.03.1965 година во Битола. Основно и средно образование завршил во Скопје, а дипломирал на Електро-техничкиот факултет во Скопје, каде во 2001 година е реизбран за Постар Асистент и е раководител на лабораторија за компјутерски техники и информатика. Постдипломските студии ги започнува во Белград  и во 1994 година магистрира во Скопје. Во својата професионална кариера напишал 43 публикации и научни трудови.

Својата политичка кариера ја започнува на локалните избори 1996-2000 година, кога е избран за Советник во општина Центар. Во 1997 година е учесник на политичката школа во Фрајбург, а на дополнителните парламентарни избори во 2001-2002 година, избран е за пратеник во Собранието на РМ.На редовните избори во 2002-2006 година, повторно е избран за пратеник кога е и назначен и за Координатор на Пратеничката Група на СДСМ во Собранието на РМ. Во 2003 година, назначен е за Претседател на Комисијата за информатичка технологија во Владата на РМ, а во 2005 година е избран за член на Постојаната Комисија за соработка со Европскиот Парламент и за член на ад хок експертската Комисија на Советот на Европа за информатичко општество. На редовните парламентарни избори 2006-2008 година по трет пат е избран за пратеник во Собранието на РМ и повторно назначен за Координатор на ПГ на СДСМ, се до вонредните парламентарни избори 2008-2012 година кога е по четврти пат избран за пратеник од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и на 25.08.2008 година и избран за попретседател на Собранието на Република Македонија.

Неговото богато политичко портфолио ги содржи следниве активности:

  • 1996 - 2000 Локални избори, Советник во општина Центар, Скопје
  • 1997 Учесник на политичката школа за локална самоуправа во Фрајбург
  • 2001 – 2002 Пратеник во Собранието на Р. Македонија - дополнителни парламентарни избори
  • 2002 – избран за пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ
  • 2003 – Претседател на Комисија за информатичка технологија
  • 2005 – Член на Постојаната комисија за соработка со Европскиот Парламент
  • 2005 - Член на ад хок експертската комисија на Советот на Европа за Информатичко општество
  • 2006 - 2008 Избран за пратеник во Собранието РМ и координатор на ПГ на СДСМ
  • 2008 - Избран за пратеник во Собранието РМ, од 25 август
  • 2008 избран за потпретседател на Собранието на Р. Македонија

Активности во Собранието

  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Австрија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Јапонија, член 

Имотна состојба:
Недвижен имот:
-Стан 109 м2, ул.„Антон Панов“ 19/8, статус: под хипотека за кредит од 30.000 евра (Комерцијална банка)
Подвижен имот:
-„Peugeot“ 407,2009 година
Акции:
-Не поседувам
Мојата сопруга не поседува подвижен и неподвижен имот и нема акции во ниту една компанија. 

Click